Здраво дечки,
за викендот некој ме "поздравил" на паркинг, така да сега над задното десно тркало има гребаници.
Гребаниците се длабоки, не е само лакот тргнат, туку и бојата е изгребана.
Ќе може ли некој совет да ми дадете како е најдобро да се санира ова?
Како што гледав на нет, наводно не можеле сите локални мајстори да ја погодат точната нијанса на овие новите повеќеслојни бои.
Мојата е Soul Red и е трислојна боја.
Гледав на нет ти има овие Touch up paint, официјални што се од Мазда, па се мислев да набавам едно вакво
http://shop.crayford-mazda.co.uk/product/Soul_Red_Touch_Up_Paint_Kit_(41V)_90007771141VПа потоа да пробам сам да ги санирам или да ги однесам на некој добар мајстор.
Имам каско на колата, но тоа е со 200 евра франшиза, така да мислам дека ова нема да се покрие.
Во прилог, една слика од гребаниците, колку да видите за што станува збор.
Секој совет е добредојден.
