мора ли да се вадат шепите или може со колаж да завршам работа ?
не сум вадел, па да не направам самоубиство некаде после
Озбилен муабет:
Вадење шепа надвор, изискува и откачување на хидрауличните црева, па потоа пак местење и испуштање воздух од шепите - пејн ин ди ес воглавно. Но, мoже да се префарбаат на лице место, згодно е да најдеш хај темп спреј, ама и ако не најдеш проаѓа и од обичниот.
Многу битна работа е добро маскирање на деловите како „цицки“ за испуштање ваздух, цевчињата помеѓу лева и десна страна на шепата, не е лошо плочките да ги извадиш, ако имаш среќа пиновите да не се запечени лесно се вадат, исто така и шепите се држат на два големи штрафа кои може да ги отштрафиш, (само треба соодветен алат), и да ја тргнеш шепата од дискот, за да го заштитиш убаво дискот (и околината) од оверспреј. Зависи колку време и трпение имаш да го правиш тоа. Отстранување на старата боја е најпејн ин ди есс, али не мора све да отстаниш, само од лицето на шепата, да го порамниш стариот лак, за новиот да дојде убав и мазен.
Инаку, најмногу оштетувања на бојата на шепите се дешаваат кога се вадат плочки и кога се монтираат-демонтираат бандаши. Не се толку многу криви Алфа
