@Мартин: За волја на вистината, и Корсата е на стара платформа. Новата генерација е нова каросериски - платформата е од прошлата генерација. Хауевер, многу (многу) вниманије посветија на рафинираност, звучна изолација, материјали во ентериер, infotainment, суспензија, итн. И сето тоа денес (конечно) си плаќа дивиденди. Денешната Corsa E е оноа што Corsa C можеше и требаше да биде.
Хауевер - новата Fiesta стига за неколку месеци. По сите работи што до сега сум ги прочитал и видел, ќе постави целосно нов стандард во сегментот. Новото Поло ќе треба да се потруди сериозно за да ја стигне Фиестата.
Слична е приказната и со Астрата. Требаше целосно нова платформа и сериозен reengineering (со што симнаа околу 200 кила), нови материјали и целосно нов пристап кон работите за да напраат вистински конкурентен модел. Новата Астра е добра, да не се лажеме. Си има некои ситници што не се како што треба, ама колата е добра. Само треба дизајнот да ти се свиѓа.
@Џони: Што? Ништо не те разбрав.