при купување на половно возило најпаметно е да не ги трошите сите пари што ги имате, туку да се остави резерва од 500 до 1000 евра за евентуално средување на колата, ако нема потреба од тоа парите можете да ги употребите за частење на другарите

или пак дотерување на колата по ваш кејф. во случај кога би купувал половно возило од некој мој близок, за кој знам како ја одржувал колата и што се сменил на колата, спремен сум да платам и повеќе.
Моето искуство со ново возило е скромно, единственото е во далечната 1996 година кога ја купивме фелицијата и што е за право во наредните 6-7 години освен масло, каиш, свеќици и гуми, друго ништо не сменивме на колата, после фелицијата се ми се половни коли, а единствената причина е што немав доволно пари, а дома имаме аверзија кон кредити

, инаку кога би имал 12000+ евра секогаш би одел на нова кола, без разлика што ќе биде класа или две пониска од евентуалната половна што би ја купил.