Автор Тема: Opel Kadett C 1974  (Прочитано 107036 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Opel Kadett C 1974
« Одговори #195 на: 21 Февруари 2015, 00:44:58 am »
Сакаш да кажеш после фарбање  го средуваш патосот? Ај не ме заебавај  ;D

Јас колку што знам не го офарба цел, туку само напред кошот кај моторот го офарбаа.

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Opel Kadett C 1974
« Одговори #196 на: 21 Февруари 2015, 00:54:28 am »
Точно, само кошот го офарбавме за да можеме да го ставиме моторот и да го носиме во лимарската работилница која од дома е оддалечена 2,5км. Напролет ќе се фарба однадвор :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: Opel Kadett C 1974
« Одговори #197 на: 21 Февруари 2015, 01:33:36 am »
Aу да бе заборавив извини  :D Епа со лесно нека е средување каросерија  ;)

Отсутен StefanPsy

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: Opel Kadett C 1974
« Одговори #198 на: 23 Февруари 2015, 20:56:15 pm »
Здраво, ова ми е прво мислење на форумов, па, добро ве најдов :)
Ја прочитав цела тема, интересно, браво за желбата, трудот и вложените пари во проектот.
Претпоставувам има доста Кадет-чии што пишале тука, па затоа ќе прашам за совет, дали да го купам Кадетов, ц, купе, 1977. Можеби некои од вас и го виделе на изложба во Охрид.
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1508951
Ми бара некаде околу 700 евреи, само ме кочи тоа што има доста каросериски оштетувања. Најверојатно ќе треба да се "соблече" од новата боја, да се крпи на вратите, крилата и има излуштен дел на кровот, 5x10cm (дечкото ми викаше дека било удрено со палка). Плус е изгребена на вратата. Колата е "реставрирана" пред две години, ама само после две зими китот испукал, и испаѓа дека за џабе ја "средил". Моторот е оригинален 1.2, не отворан. Е сега барам совет дали воопшто да и' правам тест-драјв? што би препорачале вие? За досредување би одвоил уште 700 евра на пример. Има ли надеж?

брат, го гледав на факултет лани, пред да го нашминка, имаше на многу места китирано... важно да се провери одоздола какво е и кај кошот, за крила врати то се прај не е страшно, преговарај за цената 700 евра се многу оти да знајш дека ќе купиш шминкана работа иако изгледа добро вака однадвор.

друга работа, дали планираш сам да го правиш(ке поможиме не му се секирај, мартин со рамо урбано жолт сум јас ;D ) или планираш да го правиш кај мајстор, кај нас мајсторите се еби ветар ке го замаскира и ке ти ги земи парите а ништо нема да напрај по 1 година ке почни да јавува корозија, рачунај дека ако го правиш сам ке ти треба co2 апарат за почеток(види ја темата на дарк мк1 за голфот како е сработен, така треба да се сработи се друго е гола вода само шминкање http://forum.carclub.mk/index.php/topic,253.0.html )  

што имаш прашања прашвај не се срами

Ајде и јас да дадам околу ова видување сам или мајстор.
Апсолутно сам неможеш да ја направеш подобро отколку мајстор, значи мајстор е најдобро бидејќи сам ќе правеш почетнички грешки што многу ќе те коштаат. На крај краева ако планираш да стануваш автолимар работи сам ама ако не тоа е нешто што џабе ќе се трудиш На пример јас сега информатичар да земам да се учам да варам ми е надвор од секоја логика.

Е сега и не треба да ја оставеш на мајстор па он да прави што сака. Едноставно имам една пракса од татко ми што и јас ќе ја пратам. Едноставно он кога остава кола на мајстор или било што фино му напоменува дека додека тој не му даде одобрение да помине на другата фаза од работата да не почнува. Пример треба да се крпи едно крило денес и навечер му идеш во контрола и гледаш, ако му дадеш одобрение ќе продолжи на друго ако не  нема. На тој начин ем ти ја работи некој што е професионалец ем ти имаш контрола во работата.  

Да, струмичкото купе е. За тоа што се случувало со него пред да дојде во Битола никој не може да гарантира.
Мартин, претпоставував дека го знајш и то шо потенцира е сосема точно. Китирал, мачкал, ама после две зими се' се предало.

Кими, браво за твојот Кадет, се гледа дека сериозно е среден.
Инаку, ми го остава за 600 последна цена, но претходно сакам да го однесеме до Аутомакедонија да видам што ќе кажат тие како овластени сервисери за Опел.

Фала за одговорите and wish me luck :)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Opel Kadett C 1974
« Одговори #199 на: 23 Февруари 2015, 21:02:30 pm »
Vo Automakedonija ke te gledaat kako vonzemjanec.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2744
  • Слобода или смрт
Одг: Opel Kadett C 1974
« Одговори #200 на: 24 Февруари 2015, 01:20:07 am »
Одлично долови мечето.
Најдобро е да викнеш некој лимар што треба да ти ја средува бидејќи генерално кај оваа кола најважна ти е каросеријата. Моторот и не е толку важен него полесно можеш да го оправеш па и да го заменеш за не толку многу пари. Ама ако каросериски од старт е отидена џабе е сета инвестиција.

Отсутен aleksandar_bt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 340
Одг: Opel Kadett C 1974
« Одговори #201 на: 24 Февруари 2015, 16:23:20 pm »
Денес го видов купето онака го разгледав има работа има покажано на појке места 'рѓа предходно кога го фарбале изгледа го замачкал мајсторот па зато толку брзо излегла 'рѓата пак. Денес ги извади алуминските бандаши сега има челични па сигурно и цената ке биди пониска ако си загреан за колата.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Opel Kadett C 1974
« Одговори #202 на: 24 Февруари 2015, 18:58:34 pm »
Другар во Аутомакедонија нема НИШТО паметно да ти кажат
прво најди си МАЈСТОР што ќе ти прави колата па гледајте ја
Една работа ќе ти кажам, гледај ја само КАРОСЕРИЈАТА останатото не е толку важно и битно т.е за се друго ( мотор, мењач, подвозје, седишта.....) ќе најдеш или ќе комбинираш ама ако ова првото не е добро или не се направи добро се ти е џабе.
Ова ти е еден совет од мене како поискусен со постари возила т.е "кршови" :)

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2744
  • Слобода или смрт
Одг: Opel Kadett C 1974
« Одговори #203 на: 24 Февруари 2015, 19:14:46 pm »
Само да те поправам. Можеш да најдеш се друго освен совозачки хромиран ретровизор. :D

Отсутен StefanPsy

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: Opel Kadett C 1974
« Одговори #204 на: 25 Февруари 2015, 11:38:31 am »
Хахахаха, ме насмеавте за Аутомакедонија. Според мојата логика подобро е овластен сервис да ти ја прави отколку некој во визба. Заради таков "мајстор" сега е испукана, излуштена, 'рѓосана...
Да, со челичните бандаши ми го остава за 600.
Сепак, фала за советите.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Opel Kadett C 1974
« Одговори #205 на: 25 Февруари 2015, 12:06:53 pm »
Овластен сервис за кола од 77-ма година ? Тие појма немаат дека сеуште се наогаат нови јабучици и спони за неа, не па да ти ја сервисирале.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Opel Kadett C 1974
« Одговори #206 на: 26 Февруари 2015, 21:11:27 pm »
Хахахаха, ме насмеавте за Аутомакедонија. Според мојата логика подобро е овластен сервис да ти ја прави отколку некој во визба. Заради таков "мајстор" сега е испукана, излуштена, 'рѓосана...
Да, со челичните бандаши ми го остава за 600.
Сепак, фала за советите.


хахаха, биди сериозен те молам. Кој овластен сервис има лимар? ама лимар не крпач?
според мене ако ја однесеш во овластен сервис ќе се заебеш и тоа убаво. Прво ќе те утепаат со цена второ нема да ја направат ко што треба
НАјди си добар лимар и немај гајле

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Opel Kadett C 1974
« Одговори #207 на: 01 Март 2015, 21:18:17 pm »
Вчера се подновив со предни седишта од Corsa C, а денес извадивме скоро се од ентериерот(останаа тапацирите,воланот, педалите и шалтерот :D) и направивме мали преправки за да можат да се стават седиштата. Следно е да се заштити патосот од внатре и да се стави изолација, а додека се средува тоа задните седишта да се однесат на тапацирање. Еве слики од седиштата:



Само да те поправам. Можеш да најдеш се друго освен совозачки хромиран ретровизор. :D
Грешка си, може да се најде совозачки хромиран ретровизор. Ги има на кадетт караван верзиите. :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: Opel Kadett C 1974
« Одговори #208 на: 01 Март 2015, 21:26:56 pm »
Епа ајде со здравје да си ги седиш седиштата  ;D

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2744
  • Слобода или смрт
Одг: Opel Kadett C 1974
« Одговори #209 на: 05 Март 2015, 21:32:05 pm »
И воздушни перничиња имаш сега во кадетот :D