Здраво, ова ми е прво мислење на форумов, па, добро ве најдов
Ја прочитав цела тема, интересно, браво за желбата, трудот и вложените пари во проектот.
Претпоставувам има доста Кадет-чии што пишале тука, па затоа ќе прашам за совет, дали да го купам Кадетов, ц, купе, 1977. Можеби некои од вас и го виделе на изложба во Охрид.
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1508951Ми бара некаде околу 700 евреи, само ме кочи тоа што има доста каросериски оштетувања. Најверојатно ќе треба да се "соблече" од новата боја, да се крпи на вратите, крилата и има излуштен дел на кровот, 5x10cm (дечкото ми викаше дека било удрено со палка). Плус е изгребена на вратата. Колата е "реставрирана" пред две години, ама само после две зими китот испукал, и испаѓа дека за џабе ја "средил". Моторот е оригинален 1.2, не отворан. Е сега барам совет дали воопшто да и' правам тест-драјв? што би препорачале вие? За досредување би одвоил уште 700 евра на пример. Има ли надеж?