Автор Тема: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive  (Прочитано 38344 пати)

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1068
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #315 на: 11 Август 2024, 08:20:29 am »
Битно е друштвото не е колата...

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk
Точно ако седиш негде и со некоја за клецање, за на долг пат со 0.8 моточе ке те одјеби друштвото или еднаш ќе го прелажиш да тргни со тебе  :D

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #316 на: 25 Август 2024, 14:31:10 pm »
25.08.2024 година, 160.338 километри - редовен сервис.

Заменето:
- масло Fuchs Titan Syn MC 10W-40, 2l, 900,00 денари;
- филтер за масло Hengst H97W13, 222,00 денари;
- филтер за воздух Ashika 20-08-817, 159,00 денари;
- филтер за кабина со активни честички Kamoka 6080161 9in1, 413,00 денари, и
- работна рака - ич.

Вкупно: 1.694,00 денари.

5.094 километри и неполни два месеци од последна промена.





По празникот, здравје, мењачот ќе се среди.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #317 на: 02 Септември 2024, 18:38:45 pm »
02.09.2024 година, 160.873 километри.

Заменето:
- сет за куплунг Valeo 832378 (лагер, корпа, ламела), 6.650,00 денари
- сајла за куплунг Sachs 3074 600 146, 1.165,00 денари
- масло во менувач Fuchs Titan Sintofluid 75W-80, 2l, 1.100,00 денари, и
- работна рака 5.000,00 денари.

Вкупно - 13.915,00 денари.



Од причина што ова е прв пат на кола што е во мое опкружување да се замени сет квачило, немав ни претстава колкава може да биде разликата после замена.

ДЕН И НОЌ. БУКВАЛНО.

Ако до сега требало (карикирам) 10 кила притисок да го стиснам куплунгот, сега треба пола кило сила.

Менувањето брзини во возење нема речиси никаква разлика. Но, прва и рикверц, заради кои и се правеше зафатов, се друга димензија. Огромна разлика.

Ламелата како ламела, и не беше нешто посебно амортизирана, иако беше видливо дека има трошење. Најголем проблем испадна лагерот и поготово сајлата, која беше страшно р'ѓосана.

Можеби ќе се решеше проблемот само со сајлата, до толку беше никаква. Но, сега мирна глава со менувачот, валјда до крај на животниот век на колава.

Механички е, можам да кажам, 99% сега.

Мисла ми се уште бобините, сакам да ги освежам, иако немам мака со нив. Свеќичките ќе стигнат за замена за едно 10-15к, па ќе ги заменам топтан и бобините со нив.

Moving on.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3058
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #318 на: 20 Септември 2024, 13:55:19 pm »
Fuchs маслото од каде го купи?

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #319 на: 20 Септември 2024, 20:02:44 pm »
Локално имам овластен увозник. Гевгелија.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #320 на: 21 Септември 2024, 18:51:45 pm »
Испрана денес, така, потемелно. Германските нечистотии уште ги носеше.

Деконтаминиран лакот, нанесено TW Seal&Shine, комбинирано со Sonax BSD како жртвен слој заштита. Средена внатре и...

...полимеризација, конечно најдов време.

Пробав експеримент еден, делумна полимеризација да направам...




Очигледно не ми упали експериментот, па терав комплетен процес...




Финални фотки, спремен лакот за зимото.

[/url]

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7783
  • Плинаш!!!
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #321 на: 21 Септември 2024, 20:50:06 pm »
Кукла, браво.....

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1883
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #322 на: 21 Септември 2024, 21:26:16 pm »
Спремен за зима, дрва наредени само снег да падне балонче грејено вино и ќути не мрдај

Присутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
  • хаУс мајстор
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #323 на: 25 Септември 2024, 05:26:01 am »
Што експеримент проба баш ме интересира? Лименка, цевче и ацетон?

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #324 на: 25 Септември 2024, 08:11:54 am »
Не, не... Пробав само оштетениот дел да го третирам.




Добив само изразена линија до каде работев. Затоа не ми успеа експериментот.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #325 на: 02 Октомври 2024, 18:55:49 pm »
02.10.2024 година, 161.972 километри. Се растропкаа надворешните спони.

Заменети на двете страни, ставени Moog OP-ES-3620, по цена од 1.100,00 денари парче.




Сам си ги заменив, работна рака - гага.

Центрирана... 1.200,00 за услугата.



Вкупно 3.400,00.

Старите, очигледно отидени. Течеа од сите страни.



Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #326 на: 04 Ноември 2024, 12:29:49 pm »
Изнудено решение, ама за изнудено - испадна топ.



Ми се распадна куглата на мењачот, буквално ми остана во рака.

Пола Грција ја свртев, ни еден отпад не сакаше да ми ја продаде само куглата, туку цел склоп мењач само, 150 евра, плус-минус.

Се јавувам во Миркат, 5.690,00 куглата, рок на испорака месец дена.

До колку работите?

Се јавувам во АутоМакеоднија, барам за Агила Б, аха, има, 1.800,00. Викам топ, човечка цена е, 30 евра. Прајте профактура викам, ама дечко, не сме сигурни дали ќе има, и ми праќа слика по број на дел - врска нема со куглата.

Зајеби.

Седнав, малку рисрч, плаг-енд-плеј од Фиеста МК6, навој 21мм долг, 12 широк, со лип за да легне гумениот гаитер.

МЕ-РЕ-НО.

За 300,00 денари, топ дојде.

Со останатите 5.390,00, сеа од кафана ви пишам, цело маало е со мене и циганите свират.




Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1883
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #327 на: 04 Ноември 2024, 13:02:36 pm »
Баш е секси башка што е сузи со здравје да галиш и не запнувај јако шалтај нежно 😂