За каско се качуваш во кола и одиш кај агент директно, и таму се договараш. Каското не е како АО полисата контролирано од НБО(Национално Биро за Осигурување), и секој си прави свои пресметки, ако им кажеш дека планираш да бидеш нивни клиент и за АО тогаш ќе биде друга цената, даваат попусти за паќање во готово, плус за АО полиса и може да дотераш попуст од едно 40 посто, јас со Сава сум имал такво искуство, прва цена 27000 последна 17000.