Дечки консултација и помош околу две работи:
- Препорака за некој што прави хемиско на гарнитура (нашиот член Зоки моментално не работи), со некој што сте имале искуство со пристојна цена.
- Втора работа, сакам да ја обновам бојата на радијаторот во купатило (оној тип на ѕид со хоризонтални решетки, на струја е), гледам на едно место има површинска корозија. Ќе напишам што планирам па ако некаде грешам корегирајте:
- пошто само на едно место има корозија (некои 2-3 цм), дали комплет да се струга, дали со метална четка или брус хартија?;
- после стругањето и чистењето со млака вода и благ детерџент, дали да се нанесе прајмер (ако да, кој) или доволно е само боја две раце?
- дали и за ваква работа наоѓаат примена антирост или слично средство?