Автор Тема: Мајстории по дома....  (Прочитано 106022 пати)

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #585 на: 25 Септември 2023, 17:49:11 pm »
Дали некој форумџија од Скопје поседува секач за 60цм плочки?

Треба три плочки да се исечат на ленти од 18цм (за да поплочам парапет на балкон).

За услугата ќе си платам во денари или литри, кој како сака :)

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 309
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #586 на: 25 Септември 2023, 18:01:23 pm »
Здраво дечки.
Сакам да ставам 10цм бетон во подрумот.
Подрумот е 2.5 x 2.5 метри.
Јас колку што знам, 3 на 1 е размерот, т.е. на 3 лопати песок оди 1 лопата цемент.

Дали некој може да ми пресмета колку и што материјал ке ми треба, на пример, колку вреки или кг песок за да покријам, дел 250 x 250 x 10 цм.

Фала однапред.


Стави си и мрежа 10х10, нека биде поцврсто...доколку бетонираш врз постоечки бетон, премачкај со У врска за да "залепи".

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 673
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #587 на: 25 Септември 2023, 18:23:13 pm »
Стави си и мрежа 10х10, нека биде поцврсто...доколку бетонираш врз постоечки бетон, премачкај со У врска за да "залепи".

Фала запишав.

2.5x2.5x0.1=0,625 m3
Абе и јас пресметав, ама колку е тоа во песок и цимент е прашањето :)
Пракса ми треба, не теорија.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3059
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #588 на: 25 Септември 2023, 18:32:28 pm »
Кој во Скопје носи Mul T Lock брави?
Дете бев татко ми им работеше сметководство на фирмата што први носеа Mul T Lock, во раните 90ти. Не сум слушнал кај нас да има. А работеа во зградана кај што се Лукоил сега, карши Буњаковец

Не се носи одамна. Вратата е грчка и со таква брава дошла кога била купена.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5679
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #589 на: 25 Септември 2023, 18:52:44 pm »
Кој во Скопје носи Mul T Lock брави?
Дете бев татко ми им работеше сметководство на фирмата што први носеа Mul T Lock, во раните 90ти. Не сум слушнал кај нас да има. А работеа во зградана кај што се Лукоил сега, карши Буњаковец

Не се носи одамна. Вратата е грчка и со таква брава дошла кога била купена.
Да видиш кај Паневски?

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3059
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #590 на: 25 Септември 2023, 18:53:28 pm »
Кој во Скопје носи Mul T Lock брави?
Дете бев татко ми им работеше сметководство на фирмата што први носеа Mul T Lock, во раните 90ти. Не сум слушнал кај нас да има. А работеа во зградана кај што се Лукоил сега, карши Буњаковец

Не се носи одамна. Вратата е грчка и со таква брава дошла кога била купена.
Да видиш кај Паневски?
Кумановците? Крајно непрофесионални.

Sent from my SM-S908B using Tapatalk


Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8586
  • Малерозен дрводарец
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #591 на: 25 Септември 2023, 20:40:53 pm »
Стави си и мрежа 10х10, нека биде поцврсто...доколку бетонираш врз постоечки бетон, премачкај со У врска за да "залепи".

Фала запишав.

2.5x2.5x0.1=0,625 m3
Абе и јас пресметав, ама колку е тоа во песок и цимент е прашањето :)
Пракса ми треба, не теорија.

Ако е пола кубик песок... четвртина тамче.
Не ти се исплати да зимаш пола приколка - тамче собира два кубика.
Башка, многу ќе ти остане...

Ситен песок се зима во вреќи, за мешан не знам како иде тоа, може ќе најдеш стовариште вреќи да ти испорача до дома...

Цемент 4 вреќи по 50кг или 8 по 25кг
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3059
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #592 на: 25 Септември 2023, 22:39:14 pm »
Која плоча од Knauf - Silentboard, Sonicboard или Diamond има најдобар коефициент на звучна изолација?

И дали во МК има да се купи Noiseproofing sealant - нешто налик на овој? Било која марка би ми вршела работа, ако ја бива.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8586
  • Малерозен дрводарец
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #593 на: 25 Септември 2023, 23:02:21 pm »
@osmica8 Како се викаа, бе?
Ги заборавив, нешто бау мау...
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6368
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #594 на: 26 Септември 2023, 07:09:44 am »
Стави си и мрежа 10х10, нека биде поцврсто...доколку бетонираш врз постоечки бетон, премачкај со У врска за да "залепи".

Фала запишав.

2.5x2.5x0.1=0,625 m3
Абе и јас пресметав, ама колку е тоа во песок и цимент е прашањето :)
Пракса ми треба, не теорија.

6 вреќи цемент од 50кг одат во кубик песок, грубо така јас/ми кажале рачунам.

Пошто ретко кој носи пола кубик, а и во вреќи да полниш тоа е мислам ретардирана работа ќе ти падни кичмата утовар растовар. Ако имаш место порачај кубик, посекако ќе те украдат и помалку ќе ти донесат. 4 вреќи цемент од 50кг со можност да вратиш цела ако остани или да прикупиш гледај да не е недела, пошто домашниот есап на пазар никогаш не излегува.  ;D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #595 на: 26 Септември 2023, 13:37:27 pm »
Дали некој форумџија од Скопје поседува секач за 60цм плочки?

Треба три плочки да се исечат на ленти од 18цм (за да поплочам парапет на балкон).

За услугата ќе си платам во денари или литри, кој како сака :)

Немам секач ама можам да ти дадам дијамантски диск за брусалица. Само од сл викенд.

Стави си и мрежа 10х10, нека биде поцврсто...доколку бетонираш врз постоечки бетон, премачкај со У врска за да "залепи".

Фала запишав.

2.5x2.5x0.1=0,625 m3
Абе и јас пресметав, ама колку е тоа во песок и цимент е прашањето :)
Пракса ми треба, не теорија.

Пракса, треба и слика да се види. Дали целото е рамно или има нерамнини?
Зошто не е исто дали е рамно тампонирано или не за потрошувачка.
Друго, ако теоретски вкупниот волумен ти е 0,625, 2/3 би отпаднале на песок, 1/3 на цемент (реално и вода би имало нешто тука ама да занемариме)
Едно одење во стовариште, ќе измериш вреша цемент и ќе видиш волуменски колку треба вреќи.
Така да колега, на форум се теоретизира, во пракса се гледа резултатот. Било како отстапување од 10% е успех.
Инаку мкнење песок е најзезната работа...јас лично би платил и како за кубик а да ми донесат толку колку што ми треба, зошто освен ако не си во куќа и имаш идни планови, нема каде да ги складираш.
Јас би земал и кршен камен, дел мала гранулација, дел голема. Многу подобар е од речниот песок.

Пред спремање, не заборавај за си поставиш колчиња за да знаеш до каде да сипаш и да ти е полесно за рамнење

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6368
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #596 на: 26 Септември 2023, 14:00:06 pm »
Друго, ако теоретски вкупниот волумен ти е 0,625, 2/3 би отпаднале на песок, 1/3 на цемент (реално и вода би имало нешто тука ама да занемариме)
Едно одење во стовариште, ќе измериш вреша цемент и ќе видиш волуменски колку треба вреќи.

Хахах, не оди тоа така, водата и цементот не го менуваат волуменот на песокта, едноставно се врзуваат. Водата дури и ќе испари пошто нели ќе се исуши.  ;D
Праксата вели кубик песок и 5 вреќи цемент, ќе ти остани песок и со вреќите можи ќе вратиш една цела, а можи и да прикупиш, зависи од теренот и тој шо ќе ја прави смесата.

@MartinAlfista, јас имам секач за плочки до 60цм, ама далеку е битола, инаку со дијамантски камен на брусалица ќе има назабен рез, нема да биди чист.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1840
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #597 на: 26 Септември 2023, 14:04:44 pm »
Дали некој форумџија од Скопје поседува секач за 60цм плочки?

Треба три плочки да се исечат на ленти од 18цм (за да поплочам парапет на балкон).

За услугата ќе си платам во денари или литри, кој како сака :)

Пред некоја година мене ми завршија работа во Мега Куманово, ги знаев дечките, извадија еден секач од тие што ги продаваа и ми исекоа две ленти.
Види и ти негде кај што продаваат плочки, можеби ќе те услужат ако е за малку.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #598 на: 27 Септември 2023, 00:00:28 am »
Која плоча од Knauf - Silentboard, Sonicboard или Diamond има најдобар коефициент на звучна изолација?

И дали во МК има да се купи Noiseproofing sealant - нешто налик на овој? Било која марка би ми вршела работа, ако ја бива.

Зависи за која позиција. Имаш и Cleaneo кои се со отвори во нив, баш да упијат звук. Не е само плочата, треба да се разлгеда цел систем, позицијата итн...

@osmica8 Како се викаа, бе?
Ги заборавив, нешто бау мау...

Незнам за што ми зборуваш бе чичин. Јас за акустика ги знам L Decibel.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3059
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #599 на: 27 Септември 2023, 00:05:53 am »
Која плоча од Knauf - Silentboard, Sonicboard или Diamond има најдобар коефициент на звучна изолација?

И дали во МК има да се купи Noiseproofing sealant - нешто налик на овој? Било која марка би ми вршела работа, ако ја бива.

Зависи за која позиција. Имаш и Cleaneo кои се со отвори во нив, баш да упијат звук. Не е само плочата, треба да се разлгеда цел систем, позицијата итн...

Кујна на комшијата па ѕид (не гипс) па спалната моја (вграден плакар постоечки залепен за ѕидот со комшијата) каде се слуша цевката за вода од кујната на комшијата.

Ќе се вади плакарот за звучно да се изолира.

Ldecibel контактирани нивната изолација сосе изведба кошта 3800-4900 / м2, а кај мене се 10м2.