Овие неколку денови се занимавав со правење на рачен во електриче муљач за грозје.
Моторот комплет со држачи и ременица е изваден од стара перална.
На муљачот имаше дрвени рачки кои ги заменив со метални профили 20мм х 40мм долги 1.5м,рачката со која се вртеше муљачо е на навој М16,осовината за ременицата која ја извадов од бубањот ја заварив на два мутери и зашрафив.Брзо и лесно може да се изади ременицата и да се стави оригиналната рачка.
Моторот го фиксирав за едната метална рачка,ги искористив држачите а со тоа има и можност за затегање на самиот каиш.
Моторот е поврзан да врти на спората брзина,останува да направам нови жици за поврзување и истите да ги средам,овие на сликата се колку да видам како се ќе функционира,ставање на гребен (прекидач),малку да бруснам да дотерам некои финеси.
