Која плоча од Knauf - Silentboard, Sonicboard или Diamond има најдобар коефициент на звучна изолација?
И дали во МК има да се купи Noiseproofing sealant - нешто налик на овој? Било која марка би ми вршела работа, ако ја бива.
Зависи за која позиција. Имаш и Cleaneo кои се со отвори во нив, баш да упијат звук. Не е само плочата, треба да се разлгеда цел систем, позицијата итн...
Кујна на комшијата па ѕид (не гипс) па спалната моја (вграден плакар постоечки залепен за ѕидот со комшијата) каде се слуша цевката за вода од кујната на комшијата.
Ќе се вади плакарот за звучно да се изолира.
Ldecibel контактирани нивната изолација сосе изведба кошта 3800-4900 / м2, а кај мене се 10м2.
Да дадам апдејт за изведување на звучна изолација:
1. Ѕид со комшија
2. 20мм воздушен слој (празно)
3. Метални Knauf профили на кои е налепена Knauf дихт трака и така се залепени на патос/ѕид/таван + штрафени но немаат контакт со проблематичниот ѕид
4. Исполна со
Knauf Naturboard Fit-G - камена волна дебелина 50мм
5. 2 слоја Knauf Diamant гипс плочи редени контра - првиот слој вертикално а вториот хоризонтално и на спојот плоча со плоча (од ист слој) ставен Акрил
6. Кај каблите што излегуваат од гипсот ставено
акрилАкрилот е користен бидејќи L decibel ми го препорачаа како некоја алтернатива за акустичен дихт, и патем беа сосема коректни иако од кај нив не купив ништо. Секоја пофалба.
Сеуште се слуша сосема малце кога комшијата ќе пушти вода (кујна) но кога ќе се стави вграден плакар нема ич да се слуша.
За greenglue акустичниот дихт пишав на descon.rs но ми вратија дека поради високите транспортни трошоци повеќе не го увезуваат.
Ролната еластомерен каучук од Гостивар ми остана неотворена.