Убаво подредено, можеби да беше поширока собата ќе беше подобро преклопот да е на 1/3 наместо на 1/2 и секако куб лајсни подобро личат ама се е вкус и пари нормално
Пливачки или со лепење?
Изборот беше оставен на газдата и скоро ич не остана "фира". Инаку местово ќе биди интересно за изнајмување, газдата има и други места каде што имаме редено ламинат и едно од тие места има оцена 9.9 на Booking.
Без лепење е местен врз стар паркет.
Море дете, имаш златни раце, сакаш да работиш, вреден си. Што не се соберете со мајка ти и брат ти, и си одите во германија? Нов живот од нула, далеку ќе изгурате. Ќе запознаеш некоја германка, не знаеш живот кај ќе те носи.
Тоа е друга тема, ама имам план за многу подакелу од Германија во блиска иднина (најверојатно оваа година) да ја работам работата што ја сакам (монтажа на клими за централно греење и проекти и метални сандачиња за струја со модули за smart home со wifi, bluetooth и слично, моментално се работи на проект за НАСА, ама не дмеам да откривам што како). Имам работено се и сешто, келнер, шанкер, шофер, редење ламинатни подови, автодијагностика, монтажа на видео надзор, монтажа на аларми, монтажа на соларни панели за струја (само поврзувањето долу поради страв од висина
) уште од мои 16 години. Дека сум вреден не можам да кажам, многу сум залегнат
.
Море дете, имаш златни раце, сакаш да работиш, вреден си. Што не се соберете со мајка ти и брат ти, и си одите во германија? Нов живот од нула, далеку ќе изгурате. Ќе запознаеш некоја германка, не знаеш живот кај ќе те носи.
Ова.
@nestor04 - Многу бош луѓе се иселија и се снајдоа. Размисли за опцијава, Прилеп секогаш ќе ти/ви стои во Северџанијава.
Размислувам, ама за таму каде што сакам мора тешки пари и врски за да се добие виза, не може со БГ док.
Фала ви на сите за комплиментите и советите.
Примам и забелешки.