Автор Тема: Европски пасоши и странско државјанство  (Прочитано 152670 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #660 на: 28 Јануари 2024, 10:18:31 am »
Ако мислиш на патриотите кои преку ноќ не станале поголеми Бугари од Бугарите, да.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #661 на: 28 Јануари 2024, 10:31:24 am »
Златно Неготино
Блиску си, Гевгелија е златна.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #662 на: 28 Јануари 2024, 10:41:30 am »
Далеку е Германија барем сега за сега од точката од која нема враќање.
Па ниту Скопје ниту Софија е "почисто" ако земиш така да гледљш на работите.

Просечна старост на германците во германија е 47 години
Просечна старост на другиве е во германија е 31 година

феритилити рејт на германците е 1.4
фертилити рејт на другите е 2.6

Ако додадеме и речиси неконтролираната миграција последниве 5 години бројките не изгледаат добро за германците па затоа и дадов оценка дека сето тоа води кон точка од која нема враќање. Нема германците на 47 години да раѓаат деца..


* податоците се земени од гугл и не знам колку се веродостојни

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3138
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #663 на: 28 Јануари 2024, 10:45:26 am »
Оти овие "патриотите" со прав мозок се 😅😅😅

Што е тоа патриот? ,  гладен стомак, немаштија,сиромаштија,безнадежност,етц тоа што ние од Македонија имаме можност да земеме бугарско држављаноство тоа е одлично се трудиме да створиме  нешто наречено живот парче хартија за да можеме некаде нормално да одиме на работа да заработиме и да функционираме  патуваме и да уживаме со тоа немаме малтертирања по граници амбасади вади документи од суд докажувања преводи и етц  , тоа парче хартија ништо нема да ти смени дали си патриот Македонец,Американец или Пољак, само може подобрување да ти направи во животот бидејки системот е таков за да функционираш и да обезбедиш егзистенција треба да поседуваш таков документ е сега дали е тоа Бугарски,Германски,Белгиски не важно, важно си успеал и го имаш понатаму најдобро знаеш како ке го искористиш од тебе зависи  ,тоа не е само за нас Македонци тоа е воопшто за сите . Патриотско нема што каде во држава неможат да те најдат во систем некаде да ти купи фирма карта од Point of Origin, каде од Шпанија да нарачаш дрес од Реал Мадрид ти пракат порака известување дека државата не е безбедна и не праакат пошта и тако даље, еве јас немам бугарски пасош што сум ако имам да речеме Естонско држављанство со што би ме еткирал , немам никаков проблем веднаш од се Македонско да се откажам бидејки никогаш ниту една привилегија немам добиено или искористено на оваа тло дали е здравство,работа,образование и етц.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #664 на: 28 Јануари 2024, 11:51:59 am »
Се молат членовите да користат интерпункциски знаци и своите мислења да ги делат во параграфи доколку очекуваат некој да чита што напишале.

Ако видам онаков ѕид од текст, макар и нудел пари и давал стан во Дебар Маало во наследство, веројатно ќе го скокнам со читање.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #665 на: 28 Јануари 2024, 11:52:38 am »
Би те етикетирал како релативно, слабо паметен човек. Естонија е во ЕУ, па си можел одамна да избегаш од тука.
Ама почекај, нели рекоа дека имаме датум за влез во ЕУ. Кај и да е, ќе влеземе. Исто како Турција, 60 години чека за влеz.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14708
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #666 на: 28 Јануари 2024, 11:53:16 am »
Мене концептот на патриотизам и чукање во гради што сум по секоја цена, ми е многу заостанат, ама тоа е мое мислење.

Во животот има многу поважни работи.

Го кажувам ова како дете од фамилија која пола загинала по фронтови за на крај ништо од тоа да не е важно.

Здравје и фамилија тоа е најважно.

Македонец, Бугарин, Србин, Естонец, Албанец тоа се само концепти кои само на оние со празен стомак им е важно.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3138
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #667 на: 28 Јануари 2024, 12:02:42 pm »
Би те етикетирал како релативно, слабо паметен човек. Естонија е во ЕУ, па си можел одамна да избегаш од тука.
Ама почекај, нели рекоа дека имаме датум за влез во ЕУ. Кај и да е, ќе влеземе. Исто како Турција, 60 години чека за влеz.
Другар јас сум избеган од тука уште од пред 10 год си најдов чаре и без Бг пасош жалам што ме одбиа, но  не ме тоа сопна кон целта да се спасам од тука доаѓам привремено лебот не го заработувам тука.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #668 на: 28 Јануари 2024, 12:06:50 pm »
Технички си во право и се сложувам. Патриотизам како патриотизам кога се блиски народи и култури како македонците, србите и бугарите е непотребен бидејќи немаш големи култоролошки разлики да се двоиш. Секоја фамилија од овие животот го тера горе доле на еднаков начин и разликите во секојдневниот живот се занемарливи. Но кога се соочуваш со инвазивна културолошка политика каде што одеднаш не смеат да се мешаат мажи и жени во базен како во шведска на пример или студент одбива да прими диплома затоа што професорката е жена тука веќе настануваат проблемите и патриотизмот е неизбежна алатка за опстанок. Или патриотизам или асимилација друга опција немаш.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #669 на: 28 Јануари 2024, 12:59:25 pm »
Заради немање патриотизам,заради "полно меше" немаме држава туку имаме апартхејд.
Најбитно стомачето да е полно и редовна столица да има чоек.
На предците им било полесно,поќе биле најадени или прошетани па останале свои на своето и под ропство додека биле.
Сега ако не можи ленти за депилирање да си купи ќе смени и религија и националност,битно да се издепилира.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен mendieta1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
  • BMW E30 316; BMW Е36 318 tds; BMW E46 330 Ci
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #670 на: 28 Јануари 2024, 13:03:42 pm »
имаше една изјава од Рамбо Амадеус, патриотизам има у држави  со 400 еу плата, тија што земаа 1000/2000 еу плус немаа време да се замараа со патриотизам и национализам
SAVE WATER! SHOWER WITH YOUR GIRLFRIEND

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #671 на: 28 Јануари 2024, 13:34:39 pm »
Полска за многу кратко ќе биде новиот економски лидер на европа и нова дестинација за миграција.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #672 на: 28 Јануари 2024, 13:37:34 pm »
Уса ја пумпа со пари ненормално,ем ја ослабнува Германија,ем  не се трпат со Русите. ;D
Ама лесно се зема престој. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #673 на: 28 Јануари 2024, 13:58:45 pm »
Полска за многу кратко ќе биде новиот економски лидер на европа и нова дестинација за миграција.
Sent from my iPhone using Tapatalk

За 20 години полска ќе е новата украина. ;D

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1995
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Европски пасоши и странско државјанство
« Одговори #674 на: 28 Јануари 2024, 13:59:10 pm »
Пољаците во Ирска се страв и трепет, камо ли на нивна земја.  ;D

@Jimny каде живееш ти, како се снајде со папири? Освен ај-ти кадар, многу тешко е да се средат папири за кратко време.
Никогаш не вели никогаш.