Никој од арно не бега. Е сега има и такви што имаат да речам среден или малце повеќе од останатите, ама виде комшијата Трајчо ојде странство купи поубава кола од него, па зашо Трајчо поубава кола да возе од него, демек он се смета за нешто повеќе од него, па проба и он странство. Арно ама Трајчо рмбал и у Мк и у странство да рмба не е проблем, а овај навикнан на канцеларија и столче, па за кратко врне се назад у мк и сере по Трајчо. Демек Трајчо бил циган у странство, а он газда се прае у мк со вмровска книшка, а устата му смрде на гомна од лижење гзови. Сегс зависи и во странство мора да се работе, само кој како се снајде и со својта среќа.
Да не беше бугарскиот пасош, јас никогаш во животот немаше да си ја купам колата што ја возам денеска, значи никогаш. Ни па ке сум видел толку пари во животот, Најголема плата што сум земал во мк е 12000денари графички дизајнер и веб дизајнер. Кога завршив школо поднесов за бг пасош, ама и со мк пасош на црно пробував. Се сеќавам првата работа надвор од мк беше во италија со мк пасош на црно, дневница 50евра. За 4 дена фарбање ограда, цел месец работа во мк... уште кога завршив средно јас работев се и сешто, магацин, градежништво, фабтика за хартија, работа на компјутер, од се по нешто, ама кога си пресметаш математиката, едноставно кога е џабе, џаве е. Не е само ожени се и рмбај за некој и пак да немаш утре на фамилијата да пруѓеш еден нормален живот. Сега други се правилата за бг пасош, ама не е тоа единствената опција. Има и други начини да се дојде до тие пусти европски документи, а најлесно е со брак. Додуша во некои земји не треба ни да се во брак. Еве Шведска(мислам дека е и норвешка и данска, не сум сигурен) доволно е само да си најдете женска и да живеете заедно. Нормално на почетокот треба таа да гарантира за тебе, да има стална работа и да не е под социјално. Пак ке кажам, никој од арно не бега, секој си го траже чарето и секој си ја знае неговата приказна, а нешто што ме иритира е тај балкански менталитет што воопшто не ја знаете приказната на некиј во каква состојба е и судете според нивни надворешни гледања... и после да му умре козата на комшијата, е шо фајде ако умре козата?
Инаку, ако да одете во странство би ви дал неколку пријателски предлози
1. Гледајте да не работите преку предузимачи
2. Газдата да не е балканец
3. Работа на црно само на почеток додека се снајдете/уклопете во средината
4. Битен детал е екипата и/или цимерите
Ама не се плашете да ризикувате, јас ризикував неколку пати, 2 пати заебан и оставен на сред пат во словенија и италија, па ете жив сум и бев упорен и се снајдев. А да, ора да бидете упорни и да не се откажувате