И Хрватите и Германците (демек јаките земји) не дозволуваат двојно државјанство.
Треба да исполниш повеќе критериуми за да можеш регуларно да аплицираш за германско државјанство, не е туку така само со пар документи.
Не знам и првпат слушам за германците да не дозволуват двојно(или повеќе кратно) државјанство... Знам доста со бугарски пасош што се ојдени и не се одјавени ни од македонско ни од бугарско државјанство, а имат добиено и германско државјанство. Мислам дека државјани со ЕУ државјанство, можат слободно да работат и живеат во секоја европска земја и после определено време добиват статус државјанин во друга земја. Пример, во Шведска, после 5 години(откако добиеш матичен шведски број) со бугарски пасош, секој добива автоматски државјанство, само нормално, треба да си побараш поради стандартни процедури. Во Шведска е подобро да си со македонски пасош отколку со бугарски, добиваш помош од државата, ти плаќат кога одеш на школо да учеш јазик и во рок од 3 години(откако добиеш матичен број) добиваш шведско државјанство.
Словенците знам дека не дозволуваат двојно државјанство(демек многу јаката земја), поточно македонско и словенско.
Дозволуваат. И не се вика словенско туку словенечко. Јас имам колеги фамилија цела се и имаат словенечко-македонско државјанство.
Јас имам роднини и знам дека морале да се откажат од македонското државјанство. Баш сега моментално имам пријатели(на жената роднини) што се дојдени во Македонија, баш поради таа причина, да се откажат од македонското за да поднесат за словенско. Мислам дека тоа е стандартната процедура.