Со посредник ти излегува од 500 евра па нагоре. Обично иде 500 евра до вадење на пасош. Вадењето на пасош мислам дека не влегува во вкупната цена.
Еве информативно за сите што планираат да почнат со процедура што трошоци сум имал досега. Целата процедура оди преку Бугарска Амбасада. Не мора да значи дека исти ќе бидат трошоците доколку процедурата тече преку Софија и нормално услугите се наплаќаат различно кај секој посредник.
-
4000 денари (на посредникот) за подготовка на документација за аплицирање за происход.
-
700 денари (на посредникот) за услуга.
-
35 евра се плаќа при поднесување на документите за происход на лице место во Амбасада.
-
5 евра платив при повторното поднесување на дополнителни документи за происход во Амбасада пошто првиот пат не ми одобрија происход.
-
2300 денари за патни трошоци т.е три пати одење до Амбасада (Кр. Паланка - Скопје и обратно)
Ова се трошоци кои ги имав до земање на происходот.
Документи кои се потребни за закажување на датум за интервју и трошоци до интервју се:
-
600 денари за Лекарско уверение.
-
360 денари за Уверение за неосудуваност од Суд. (320 ден чини Уверението и плус 40 ден провизија за наплата)
-
150 денари за Извод од матична книга на родени.
-
4500 денари за подготовка на документи и судски превод на истите од МК на БГ
-
15 евра се уплаќаат во Уни банка пред интервјуто.
-
95 евра се плаќаат во Амбасада на лице место на денот на интервју. Да напоменам дека аплицирањето т.е поднесувањето на документацијата за интервју и самото интервју ќе бидат во ист ден односно поднесувам докумнети и одма правам интервју.
-
200 денари за слики за пасош на бела позадина.
-
800 денари за патни трошоци за одење до Амбасада.
Се вкупно заокружено на
23000 денари или
370 евра.
Од интервјуто па натака како што пишав во претходниот пост.
П.С. Што се однесува до вадење на лекарско уверение, кажано ми е дека во Скопје се движи од 1200 ден па нагоре. Мене лично ми беше понудена цена од 1500 денари, доколку некој сака да заштеди некој денар можам да му средам да извади лекарско уверение од Паланка за 600 денари. Во другите градови не знам која е цената за лекарско уверение.
П.П.С Во Уверението од Суд и Лекарското Уверение мора децидно да биде наведено дека се издаваат за Бугарско државјанство. Лекарското Уверение мора да содржи и резулатити од Сида тест (негативни се разбира

)