А што е битно БМВ 520Д или Акорд или Голф ТДИ какво време има на некоја си стаза? За овие коли бучавост, потрошња, некои убрзувања, меѓуубрзувања да, ама време на стаза ама ич не ме интересира, а и не верувам дека некој што ќе ја купи таа кола ќе го интересира.
Исто како што не е битно за обичниот човек, какво време постигнува ауто што го спремало цел тим професионалци, специјално тјунирано за таа стаза, за да постигне најобро можно врме.
Не можеш да знаеш дали некоја од овие снимки е баш од автомобилот со кој е поставен рекордот без онборд видео. Моделот Giulia е базиран на Нирбуринг. Се утепаа од тестирање на стазата и времето им беше главна информација на презентирањето на автомобилот. Затоа не гледам што ви смета толку ако некој друг го прави истото.
Демек онборд видеото е верификација на она што го напишале како спецификации? Чисто се сомневам, ама ај...
Се` дур тестираат фабрички тимови експерти кои посебно ги тјунираат за тој еднократен евент, ништо не ми значи. Кога ќе седне (независен возач) новинар, во кола што може во салон да ја купи и Петко и Трајко, и со таа кога ќе напраи време, тогаш ќе ми значи нешто тоа време. Ама сеа стана модерно само фабрички тимови на стаза да тестираат и затоа за мене полека губи значење времето што ќе ми го сервираат.