
Купе моделот со две врати, кое во компанијата го нарекуваат „Најсовршениот тркачки Mustang на сите времиња“, успеа да надмине голем дел од своите конкуренти, откако оствари време од 7: 32.19 минути за еден круг. Овој резултат го рангира на 25-та позиција во историјата на патеката, притоа оставајќи зад себе автомобили како Ferrari 458 Italia, Porsche 911 GT3 RS, Chevrolet Camaro Z / 28 и Lexus LFA.
Во соопштението до медиумите се вели дека стандардниот Shelby Mustang GT350 заостанува само неколку секунди зад верзијата R на моделот. И двете машини се опремени со 5.2-литарски бензински V8 мотор, чија моќност надминува 500 КС и вртежен момент од 542 Nm. Моторот работи со 6-брзински мануелен менувач.
Од стандардниот Mustang GT350, верзијата R се одликува со некои подобрувања во аеродинамиката, како и намалената за речиси 60 килограми тежина. За да биде направен полесен, инженерите на компанијата ги отстраниле задните седишта, климата, радиото, камерата за рикверц, како и некои елементи од багажникот.