Цела генерација (156/147/GT) страда од пумпите за куплунг, кажи му на газдата нека си провери која од двете му е при крај пред да му откаже.
Не. Секоја стара кола страда од пумпите за куплунг.
Претежок кумплунг, потисната не ја бива.
Не. Не мора да значи.
Пред некој ден возев Alfa GT 1.9 jtd па некои работи ми засметаа.
Претежок беше кумплунгот.
Воланот се движи прелесно и немав никаков фидбек од патот.
Шалтерот некако чуден ми беше, се клати и не ми е баш прецизен.
@Cuore Sportivo
И кај тебе е вака или оваа си имаше фалинки?
Си има фалинки.
Ме чуди воланот, обично е одличен фидбекот на таа генерација коли, но веројатно има мака со предница. Нејсе, 147/ГТ имаат „жилет“ управување, со одличен фидбек.
Шалтерот има едни пиксни кои треба да се заменат поради истрошеност, веројатно некој модел со бајаги километри си начекал. Не е скап дефект:
http://www.ebay.co.uk/itm/ALFA-ROMEO-147-GEAR-LINKAGE-CHANGE-BUSHES-New-Genuine-/130571602137Што се однесува до претешкиот куплунг, работата е слична, со тоа што решението е во промена на тефлонски пиксни на виљушката на менувачот, покрај стандардните пострадани од старост потисна плоча, пумпи горна/долна пумпа, како кај сите коли... Обично се прави кога ќе се смени сет ламела, за да не отвараш само за џабе. Ако не ги смениш пиксните на виљушката (имаше некаде по нетов и месингани наместо тефлонски да се земат), кога ќе се смени ламелата и потисната, све ќе биде во ред (тргната прашина, подмачкано зачистено) но краткотрајно. Потоа пак тврд куплунг. Веројатно тоа е „д алфа тинг“. Ако е камен, едвај да се стиска и со краток од, време е за мајстор.