Hundai Getz, колега го купи ново од салон. Убаво игледа од внатре, 90кс мотор. Едно месец дена го гледав и и стварав очекувања. После месец дена седнав да го возам. Ентериер целосна катастрофа, мислам дека му фали фабричка турпија или камен за острење на пластиката за да можеш да заколиш човек внатре и тоа да изгледа како несреќен случај. Моторот до 4500 вртежи како да има само 50кс најмногу. После толку фалење очекував да е возило кое би го купил но целосно ме разочара.
Поло 9n, влегувам прв пат во него, стискам на кочница и не кочи. Пробува да кочи, задницата притиска напред, целото се навалува а не кочи. Пуштам кочница и од добошите се слуша: ииик! ииик!. Ретровизорите се мали како на детска играчка, ништо не се гледа во нив. За 1 година 5 пати беше на сервис на по неколку дена, еднаш ме остави на пат во Приштина и еднаш пред Струмица, се тоа за неколку месеци.
Пежо 205, грд ентериер како во фабрика да го смачкала преса, али одлично возило overall.
Опел Вектра Б 1.6 16в, внатре тивко, одлично возење, под услов да можеш да кренеш 100-ка за што требаат 48 часа.
Лада 110, ја земавме со тетин ми од салон (тоест еден хангар). Ја возиме на регистрација и ја погодуваме првата шахта малку вдлабната, откажа задниот лев амортизер, па назад во хангарот. Подоцна се испостави дека поголемо срање на светот не постои.
Mercedes S350, 2008-ма година. 2 години стар flagship мерцедес, одржуван и возен џентлменски, внатре крцка како во оние старите автобуси на ЈСП. Тотално разочарување.
Ко ќе се сетам на други ќе допишам.