Автор Тема: Љубовта на мојот живот ми ги собра парите.Отварајте очи!  (Прочитано 40594 пати)

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Секој муабет е сувишен,љубовта била во прашање.Јас за себе неверство не би простил,ама ти си друг човек.Со среќа нека ти е во што и да планираш да направиш !
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4586
  • ~ Full of soul ~
Во РЕК да фрла камења, до крајот на животот да и ја земаш платата и на крај да ја фрлиш во охридско да ја јадат краповите.

Среќно другар.
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Дали правно постои шанса да си ги повратиш средствата ? Банза, Томе ?

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1857
  • Renault Megane R26
Адвокатите со кои е разговарано до сега го уверуваат дека имаат случај бидејќи од банката ги има сите вирмани на кој Кристина е потпишана кога ги подигала парите.Исто така има доказ дека 13 месеци не бил во државава и никако неможе  он да ги подига парите.Ке видиме како ќе се одвиваат работиве,заебано ќе биде ама Dando е решен да го тера случајов до крај по секоја цена.

Ќе си земам за право во негово име да изразам голема благодарност во негово име за подршката на сите форумџии!

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
А тоа што тој ја ополномоштил да вади пари од сметката нели е одобрение од негова страна да го прави истото?

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
За изводи од банка нема да е проблем, а и да има проблем со 2 литра кока кола и бајадера на шалтер се се средува ;)
Не за џабе кога се вадат пари од картица па макар и своја бараат лична карта :)

Инаку Спенс и мммм121 има цаки, не е се така црно бело.

Измама
Член 247
(1)Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна
корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со
прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да
стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот, ќе се казни
со парична казна или со затвор до три години.
(2)Ако сторената штета е од помала вредност, а сторителот одел кон тоа да
прибави таква вредност, ќе се казни со парична казна или со затвор до
една година.
(3) Ако сторената штета е од поголема вредност, сторителот ќе се казни со
затвор од три месеци до пет години.
(4)Ако сторената штета надминува значителна вредност, сторителот ќе се
казни со затвор од една до десет години.
(5)Тој што делото од став 1 го сторил само со намера да оштети друг, ќе се
казни со парична казна или со затвор до една година.
(6)Обидот за делото од ставовите 1 и 5 е казнив.
(7)За делото од ставовите 2 и 5 гонењето се презема по приватна тужба.


Злоупотреба на довербата
Член 252
(1)Тој што застапувајќи ги имотните интереси на некое лице или грижејќи
се за неговиот имот нема да ја исполни својата должност или ќе ги
злоупотреби дадените овластувања со намера да прибави имотна корист
или да го оштети лицето чии имотни интереси ги застапува или за чиј имот
се грижи, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2)Ако делото од став 1 го стори старател, полномошник, застапник или
адвокат, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(3)Гонењето се презема по приватна тужба.


Значи си има закони. Само од овој текст во кој ја увидовме ситуацијата од околу е малце тешко јас, банза или Томе или кој и да е друг да каже нешто доста поточно. Со разговор со адвокат кој си ја знае работата точно ке се увиди што како и зашто. Докази има и се мноооогу лесно да се извадат од банка. Тоа што тој дал полномошно, не значи дека тоа е крај на муабетот. Се си има во законите, апсолутно се.

Е сеа, ако да речеме она стварно нема ни денар од тие пари, не е до тоооооолку страшно и за плачење. Затоа кај нас постои институцијата ИЗВРШИТЕЛ. Тоа што е на нејзино име од недвижнини до трансакциска сметка е на располагање. Доколку она ги има тие пари во банка на сметка, за 5 минути по пресудата што се вика неа и ја блокираат сметката и и ги одземаат средствата. доколку се уложени во недвижнини кои се на нејзино име, а она во рокот кој ке и биде зададен не ги вради средствата си доаѓа извршител и куќа да е се брка она од таму, куќата се продава и ти се даваат парите. Така да доколку се добие случајот парите ке се изнајдат, а бидејќи и нејзините се вмешани во тоа, секако има од некаде да се земат тие пари. Извршители идат дигаат телевизори компјутери и си одат (освен у грчец, арачиново и кондово де).

Затоа батали совети од нас стручниве на форумв околку овие малку деликатни ситуации. Неможеме ја и Томе вчера завршени факултет (пред недела дена де) да ти кажеме вака вака и вака, едноставно си треба човек, адвокат кој имал случаи и слично, а и кај нас работите функционираат малце поинаку, со малку подмачкување. За Банза незнам точно, ама мислам дека он не е баш во оваа проблематика он повеќе беше со сообраќајни ствари ако не се лажам, незнам.
Како и да е, адвокат добар, добро толкување и откривање на сите детали, собирање на потребните докази и нама што многу да се секираш. Само така! немој да се зезаш со вакви наши полусовети. Ова ти го пишав за да знаеш дека имаш огромна шанса да си вратиш ако не се дел од тоа што си го изгубил. Сега точно незнам како иде тоа со брчни другари и слично, ама како и да е поголем дел си е твој и ке си дојде, може нема процесот да трае недела дена, ама со малце повеќе трпение се ке си дојде на свое место.

Поздрав шефе

Отсутен Dando

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 339
Фала за советите, се надевам дека извадениве закони кефункционитаат на суд па правдата ќе излезе на површина.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Јебено другар...да не знаеш од која страна да се пазиш. Жал ми е што си изгубил време и чувства за неа. Си се стресувал и самиот си се надевал, а нема полошо од лажна надеж. Пари ко пари, ако не ги земеш преку суд, има и други опции. Си постојат професионални рекетари...

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7560
Aх бе другар, не една, ти си направил мини серија на грешки.

Сум бил во твоја кожа, ми пукале гранати зад уши за парички, сум преспивал по бункери, па 12 саати после на работа, сум колнел све живо и диво, сум заспивал гледајки го таванот на собата, да не ми долета "честитка".
Ама брат, полномошно дадов САМО на мајка ми, во случај мене да ми се случи нешто, јебига, ратна зона, мора и на тој начин да мислиш, да не останат сите тие пари во банка.

Да ти кажувам сега како си требал да постапиш, очигледно, е касно.

Она што поголемиот дел од форумџите не го знаат е што низ Куманово има мал милион вакви приказни. Во твојот случај е девојка, кај овие беа сопруги. Суми од 6 цифри во девизи.
Ке се распрашам што како се завршило во нивните случаеви, и ке те известам, чисто да знаеш.

Знам колку ти е криво, знам како ти е, знам како ги имаш заработено тие пари.

Една работа што не си се заебал е што не си оставил работа. Терај до крај, некој мора да одговара.

Отсутен Dando

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 339
Aх бе другар, не една, ти си направил мини серија на грешки.

Сум бил во твоја кожа, ми пукале гранати зад уши за парички, сум преспивал по бункери, па 12 саати после на работа, сум колнел све живо и диво, сум заспивал гледајки го таванот на собата, да не ми долета "честитка".
Ама брат, полномошно дадов САМО на мајка ми, во случај мене да ми се случи нешто, јебига, ратна зона, мора и на тој начин да мислиш, да не останат сите тие пари во банка.

Да ти кажувам сега како си требал да постапиш, очигледно, е касно.

Она што поголемиот дел од форумџите не го знаат е што низ Куманово има мал милион вакви приказни. Во твојот случај е девојка, кај овие беа сопруги. Суми од 6 цифри во девизи.
Ке се распрашам што како се завршило во нивните случаеви, и ке те известам, чисто да знаеш.

Знам колку ти е криво, знам како ти е, знам како ги имаш заработено тие пари.

Една работа што не си се заебал е што не си оставил работа. Терај до крај, некој мора да одговара.
Ќе дадам се од себе да јаистерам работава до крај, тукушто договорив да спремат кривична па ќе ве известувам како оди тоа, фалави за поддршката.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Брат, едно прашање во меѓувреме.... Колата ти ја немаТ земено нели?

Отсутен Dando

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 339
ми ја врати само ПАРИТЕ не сака да  ми ги врати.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Gi ima na smetka nekade ili gi potrosila??

Отсутен Dando

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 339
Ги чува дома ако ги има по сметки ќе и ги блокираат

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
ми ја врати само ПАРИТЕ не сака да  ми ги врати.

Најважното ти го вратила...