За изводи од банка нема да е проблем, а и да има проблем со 2 литра кока кола и бајадера на шалтер се се средува

Не за џабе кога се вадат пари од картица па макар и своја бараат лична карта

Инаку Спенс и мммм121 има цаки, не е се така црно бело.
ИзмамаЧлен 247
(1)Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна
корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со
прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да
стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот, ќе се казни
со парична казна или со затвор до три години.
(2)Ако сторената штета е од помала вредност, а сторителот одел кон тоа да
прибави таква вредност, ќе се казни со парична казна или со затвор до
една година.
(3) Ако сторената штета е од поголема вредност, сторителот ќе се казни со
затвор од три месеци до пет години.
(4)Ако сторената штета надминува значителна вредност, сторителот ќе се
казни со затвор од една до десет години.
(5)Тој што делото од став 1 го сторил само со намера да оштети друг, ќе се
казни со парична казна или со затвор до една година.
(6)Обидот за делото од ставовите 1 и 5 е казнив.
(7)За делото од ставовите 2 и 5 гонењето се презема по приватна тужба.Злоупотреба на довербатаЧлен 252
(1)Тој што застапувајќи ги имотните интереси на некое лице или грижејќи
се за неговиот имот нема да ја исполни својата должност или ќе ги
злоупотреби дадените овластувања со намера да прибави имотна корист
или да го оштети лицето чии имотни интереси ги застапува или за чиј имот
се грижи, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2)Ако делото од став 1 го стори старател, полномошник, застапник или
адвокат, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(3)Гонењето се презема по приватна тужба.Значи си има закони. Само од овој текст во кој ја увидовме ситуацијата од околу е малце тешко јас, банза или Томе или кој и да е друг да каже нешто доста поточно. Со разговор со адвокат кој си ја знае работата точно ке се увиди што како и зашто. Докази има и се мноооогу лесно да се извадат од банка. Тоа што тој дал полномошно, не значи дека тоа е крај на муабетот. Се си има во законите, апсолутно се.
Е сеа, ако да речеме она стварно нема ни денар од тие пари, не е до тоооооолку страшно и за плачење. Затоа кај нас постои институцијата ИЗВРШИТЕЛ. Тоа што е на нејзино име од недвижнини до трансакциска сметка е на располагање. Доколку она ги има тие пари во банка на сметка, за 5 минути по пресудата што се вика неа и ја блокираат сметката и и ги одземаат средствата. доколку се уложени во недвижнини кои се на нејзино име, а она во рокот кој ке и биде зададен не ги вради средствата си доаѓа извршител и куќа да е се брка она од таму, куќата се продава и ти се даваат парите. Така да доколку се добие случајот парите ке се изнајдат, а бидејќи и нејзините се вмешани во тоа, секако има од некаде да се земат тие пари. Извршители идат дигаат телевизори компјутери и си одат (освен у грчец, арачиново и кондово де).
Затоа батали совети од нас стручниве на форумв околку овие малку деликатни ситуации. Неможеме ја и Томе вчера завршени факултет (пред недела дена де) да ти кажеме вака вака и вака, едноставно си треба човек, адвокат кој имал случаи и слично, а и кај нас работите функционираат малце поинаку, со малку подмачкување. За Банза незнам точно, ама мислам дека он не е баш во оваа проблематика он повеќе беше со сообраќајни ствари ако не се лажам, незнам.
Како и да е, адвокат добар, добро толкување и откривање на сите детали, собирање на потребните докази и нама што многу да се секираш. Само така! немој да се зезаш со вакви наши полусовети. Ова ти го пишав за да знаеш дека имаш огромна шанса да си вратиш ако не се дел од тоа што си го изгубил. Сега точно незнам како иде тоа со брчни другари и слично, ама како и да е поголем дел си е твој и ке си дојде, може нема процесот да трае недела дена, ама со малце повеќе трпение се ке си дојде на свое место.
Поздрав шефе