Драги форумџии текстов го пишувам со цел да ве предупредам да не испаднете будали каква што испаднав јас,отварајте очи и пазете на кого верувате.Приказнава ја има денес и на вестите на Канал 5 и на повеќето македонски портали!
Знам дека повеќето ќе си речете дека сум бил слепец,дебил и што уште не зошто сум и верувал ама нека е проклето јас ја сакав и и верував на таа личност.
„Во периодот на ноември месец 2008 год. се запознав со Кристина Aтанасовска во хотелот Холидеј Ин, каде веќе долги години работи нејзината мајка Станка Атанасовска (коучесник на криминалот). Неколку дена пред новата 2009 год. околу 26 декември станавме дечко и девојка и почнавме врска. Во тој момент Кристина Атанасовска работеше во продавница во ТЦ Бисер (бужутерија) во сопственост на татко и Чедо Атанасовски. Во првите две и пол години од нашата врска не се случуваше ништо посебно освен убави моменти, заедичка дружба што се повеќе ги зајакнуваше моите планови за долг заеднички живот.
Во јуни 2011 год. добив можност да заминам за Ирак на работа со моја цел и намера да заработам што е можно повеќе пари за постабилна финансиска иднина во мојот понатамошен живот со К.А. Пред да заминам на работа во Ирак имав моја лична заштеда од 6 годишното работно искуство во Холидеј Инн и хонорарни дневници од околу 550.000 денари во Стопнска Банка и околу 100.000 во Про Кредит банка.
Од денот на заминувањето јас и Кристина секојдневно се слушавме и си ветувавме како целиот живот ќе се сакаме, двајцата свесни дека сум во Ирак да заботам за нашата заедничка иднина. Во август месец Кристина отиде на одмор сама во Охрид, каде реши да ја прекине нашата врска под образложение дека таа не сака ваков живот и дека нема да може да ме чека. Додека била на одмор сама, подоцна дознав дека ме изневерувала со други дечковци. По десетина дена раздвоени таа почна да ме моли да се смириме и да бидеме повторно заедно. За жал јас бескрајно ја сакав и и верував па и простив за грешката и повторно се вративме во врска.
Под нејзин притисок и образложение каква таа гаранција ќе имала да ме чека во Скопје, издејствува врз мене да ја побарам за жена на мојот прв одмор во септември месец 2011 год. По давањето збор од наша заедничка страна без официјален документ и петнаесетдневниот одмор јас се вратив на работа во Ирак.
Во мај месец 2012 год. си дојдов на втор одмор во Скопје кога од мојата трансакциска сметка лично подигнав 38.000 долари. Од парите што ми останаа (нешто повеќе од 600.000 денари) и ги дадов на рака на Кристина со намера да ги орочи на нејзина сметка под моја целосна доверба од причина што треба да ми биде жена во иднина, односно планирав со неа брак и заеднички живот. По петнаесетдневниот одмор се вратив на работа во Ирак и тогаш моите планови беа совршени од причина што имам вереница која неизмерно ја сакам и и верувам, имам добра работа од која заработувам многу добро и за сега се оди по планот за стабилна финансиска иднина.
Во август месец 2012 год. си дојдов на трет одмор кога за жал и дадов дополинително кеш пари кои јас лично ги подигнав од мојата сметка, но и дадов и полномошно ва Тутунска банка на ден 08 август 2012 год. со цел мојата вереница сама да ги подига моите плати, да врши промена од долари во денари во менувачница заради повисок курс на доларот, и да ги орочува на нејзина сметка во Стопанска банка под моја целосна доверба, дека што побрзо ќе заштедиме поголема сума на пари, ќе можам да се вратам во Македонија и да продожиме со заедички но многу постабилен живот заради заштедените пари.
По две неделниот одмор јас се вратив во Ирак на работа, а од тогаш Кристина Атанасовска почнува сама да ги погинува моите плати и во октомври месец склучува договор со Стопанска банка на 2 год. за отворен орочен депозит, каде ќе може во континуитет да ги подигнува моите плати, да врши промена во денари во менувачница и да ги уплатува на нејзината отворена орочена сметка во Стопанска банка.
Во март месец 2013 јас си дојдов на следен одмор кој траеше околу 50 дена за да извадам нов пасош. Во тој период повторно дознавам дека Кристина преку пораки на Фејсбук ме изневерува со некој поранешен дечко под образложение дека имала недостаток на внимание. За жал јас повторно и простувам и глумам како ништо да не се случило.
Од мојата првична заштеда во Стопанска банка од 550.000 денари и додавам уште околу 300.000 денари купувам за себе животно осигурување во Кроација животно осигурување,каде Кристина во тој момент работи и успева во намерата да ми ги заглави парите 10 год. во таа фирма, под подоцнежно образложение дека не ги знаела најдобро условите.
Крајот на април 2013 год. си заминувам назад на работа во Ирак, а Кристина по нејзина желба се преселува од бараката во Ародром (во сопственост на татко и) во куќата на моите родители во Ѓорче Петров со намера да почне самостоен живот (без нејзините родители).
Во периодот октомври/ноември 2013 год. родителите на Кристина решаваат да ја реновираат куќата во Сингилич, со намера да ни ја отстапат бараката во Аеродром за да почнеме заеднички живот. Во тој ист период Кристина со мое одобрение платите што ги подигнуваше од мојата сметка ги трошеше на средување на бараката во Аеродом (местење стиропор, купување кујна ,дневна, спална, трепезарија и сл.) во целсона сума од околу 10.000 евра. Злоупотребувајќи ја мојата целосна доверба и огромна љубов и лажејќи ме дека го спрема нашиот иден дом додека јас не одлучам да купам стан. Во ноември месец Кристина се сели назад од мојата куќа во Ѓорче Петров во ново опремената барака во Аеродром.
Во март месец оваа година, таа одлучува повторно да ја прекине нашата врска, но ме убедува дека првиот ден кога ќе се вратам во Скопје ќе ми ги врати сите мои пари од нејзината сметка во Стопанска банка, ќе поднигне кредит за потрошените пари за бараката во Аеродром и ми кажа дека не сака да има ништо мое во нејзиниот понатамошен живот.
На 17 Јуни 2014 јас се вратив во Скопје од Ирак, телефонски се слушнав со Кристина која ми кажа дека сака следниот ден да се видиме за да ми ги врати сите мои лични работи и сите мои пари. Следниот ден на се сретнавме во бараката во Аеродром каде ме чекаа како на судење нејзините родители. По краткотрајниот разговот Кристина ме убедува дека ги потрошила сите мои пари за нејзини лични цели и единствен начин да си ги добијам моите пари назад е кривично да ја гонам.
Во целава драма најзините родители во целост ја поддржуваат и ме убедуваат дека јас треба да го платам потрошеното време на нивната ќерка што ме чекала во Скопје.
Следниот ден отидов да си го земам и мојот мотор кој ми стоеше во дворот на бараката во Аеродром. Кристина ми се закануваше прво дека ќе се самоубие па подоцна и физички ме нападна со намера мене да ме убие под образложение дека јас сум и го зацрнил животот. Следниот ден телефонски ја молев да престане со валканата игра и да ми ги врати моите пари, а таа на сево ова ме пријави во полициска станица Аеродром за малтретирање, “
Драганчо нема да се откаже од правдата, на сето ова ќе следи судски процес и верува дека судот ќе пресуди правилно.
Во прилог ставам и слики од Кристина(лепотицата која ми ги собра парите) со цел некој да не се излаже по оваа девојка.Ако не друго секој ќе ја покажува со прст!


