Автор Тема: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback  (Прочитано 16191 пати)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1588
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #60 на: Декември 11, 2019, 18:16:17 pm »
Оти мора нови плочки во пакет?
Може добри се „старите“ кои ги има, имаат уште месо, уште км за возење, можи претходно да се променети со нови, итн. итн.  :D

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4726
  • French diamond
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #61 на: Декември 11, 2019, 19:12:22 pm »
Не мора, ама пожелно е.

Отсутен Sase_91

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2798
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #62 на: Декември 11, 2019, 20:50:05 pm »
Како што глдам на сликиве, дечкото има ставено и нови плочки Brembo, така да одлично е.

Браво за сработеното, како што кажаа и погоре, никој нема да обрне толку внимание и да го направи вака по пропис како што треба.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 32198
  • Таков е животот... јебига
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #63 на: Декември 11, 2019, 20:53:21 pm »
Брат, ослободувај се од Меганов не си играј играчки.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4027
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #64 на: Декември 12, 2019, 07:41:29 am »
Плочките се нови, ама јас мислев со старите ќе поминам оти изгледаа непотрошени вака од око не извадени, арно подоцна што се премислив.
Немаше шанси да се наместат, едноставно површината на старите беше брановидна, џабе нови дискови.


Препорачливо е користење на силиконска маст за пиновите дека имаат заштитни гумици и може да се разјадат со тек на време од користење на не соодветни „лубриканти“.  ;D
Можеби си во право, не знам, ама бакарнава скоро и да нема контакт со гумиците, пинот со лежиштето си се допираат само, а на високи температури да не испари или ќумуроса таа? Кога ќе начекам некаде ќе си купам и таква.

Брат, ослободувај се од Меганов не си играј играчки.
Штедам Миле за Голф, не можам да до заштедам, само ги креваат цените.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4027
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #65 на: Јануари 27, 2020, 13:45:38 pm »
Вчера откако направив увид дека ги имам потребните алати беше променет во двор хидрауличниот држач на моторот. Тој требаше да се смени откако ја купив колата ама пошто не беа нешто страшни вибрациите вкабина и на волан, и кога ги имаше кога ги немаше, па по 6 години му дојде редот.

Како тоа одеше:

- Го тргнав капакот од моторот и една штица под картер ставив и со дигалката го поткренав за да го извадам држачот.




- вака изгледаше од горе, ништо дополнително немаше потреба од вадење, се е пристапно и „лесно“. 16-ка штрафови и еден 18-ка што ги поврзува двата дела.



- за брзо излезе делот, и се зачисте малку местото (после сликата)



- старо(оригинал) со ново(афтермаркет/репариран)



- стариот не изгледаше надворешно нешто оштетен, ама внатрешно појма немам каков беше.



- за монтирање малку беше заебано, требаше првин двата дела да се спојат со штрафот и потоа тој металниот дел мораше да се заштрафова без да се прошлајфуваат штрафовите па имаше играње со дигалката горе долу, и лево десно рачно на моторот, и така по 1 час операцијата успешна.




Впечатоци:
Ај што нема повеќе вибрации, и помазни се транзициите на одземање додавање гас, така минимално, ама најповеќе разлика има во верувале или не на звукот. Моторот вкабина се стише за, тропам од памет, за третина/четвртина. Јас обично не осеќам минимални работи ама ова беше значително, си реков затнати ми се ушите нешто. Топој.  ::)


Друго во меѓувреме што имав заборавено:
- втор голем сервис во Ред Ауто Битола без водна пумпа и антифриз - 11800ден.
- ретровизор самозатемнувачки од отпад 1000ден

стариот реетровизор ми истече и не затемнуваше, башка дупло ги гледав колите од меурот, сите со магленки ги гледав.




Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4726
  • French diamond
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #66 на: Јануари 27, 2020, 21:23:22 pm »
Јас ко ги сменав сите (3) држачи на меганот кец, како нова кола беше в кабина  :) Ама ете по 2 години пак почнува да се јавуваат вибрации, фуш ни се деловите, ама па и затоа се по 1000 денари..

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4027
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #67 на: Јануари 28, 2020, 07:08:51 am »
Шо знам шо да кажам, ќе видиме... досега не сум менувал нешто два пати ама и не очекувам сменатото со години да трае како ново. Ама ептен ако не го бива ич не ми е проблем од грција да си земам.

Апдејт на дисковите: после 2000км, ништо не треси, вибрира, греби, значи добро е.

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2499
  • Дете Битолчанче
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #68 на: Јануари 29, 2020, 00:05:13 am »
И кај мене е за сменвање истиот држач, кој да дава 3000ки...
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4027
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #69 на: Декември 01, 2020, 14:24:52 pm »
Годишен апдејт 2020-та:

- 2 пара исти раткапни од Carbox, на работа една ми манаа, за 1 месец.
- 242,146км >> 640ден - стабилизатор десен ABS (лев зедов сега брзо нема луфта, ама ќе го наместам и него)
- 242,664км >> 400ден - промена на две гуми со летни
- 243,770км >> 1710ден - Филтер гориво Mahle (адитив Liqui Moly Splulung ставено во него)
- 248,964км >> 3250ден - Мал сервис - Petronas Syntium 3000AV 5W-40, UFI филтри, Clean кабина
- 248,928км >> 400ден - промена на две гуми со зимски
- 249,060км >> 5800ден - Водна пумпа Sasic + 1Л антифриз „стариот“ се врате (во Ред Ауто)

Не поминав со многу трошоци оваа година освен пумпата што ме заеба.

Друго што се случуваше бесплатно:

Уште лани есента, после голем сервис направен, почна да ми свири на ладен старт, си реков ништо страшно, нови каиши, а и заладе времето си реков ќе легнат. Преку пролетта и летото не заприметував толку а и не свиреше на секое, се додека не појдов Албанија Септември. Е тука на загреана кола башка и времето 35 степени цело време свиреше, не многу ама реално резили, ко кртешница да возам.

Проблем, линискиот каиш не поставен на сервис како што треба, алтернаторот и компресорот имаат 6 бразди а линискиот 5, требаше да биди слободна внатрешната бразда, тие обратно.



Пола сат работа и свирењето решено, само го одзатегнав/ротирав затегачот и го поместив каишот.




После есента еднаш така се погоде, пуштив еднаш клима и на старт ми замириса на лајна да не речам. Проблем.
Отворив и исчистив, ама ништо не беше затнато под шофершајбна и дренажата на водата, следно филтерот, посекако и му беше термин за менување.
Фалкон средство за клима купено 240ден голем спреј, прснав пола каначка кај што пишува на сликата, го оставив да истечи под кола по едно 5-10 мин, и вентилацијата едно 10мин на минимум отпосле да се исуши и го наместви новиот. Дренажата за климата не беше затната, ама едно место што има, точно под централана конзола е, или под кола зад огнениот штитник од аусплухот, достапност 0.



Ако не течи надвор, ќе истечи внатре.



Бонус слика, нов стабилизатор:





Од колата нема слика браќа, стара кола се поправа само.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1082
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #70 на: Декември 01, 2020, 14:38:02 pm »
Лани кога си правел голем сервис зошто не си ја менувал водната пумпа? Не е проблем после промена на сет каиши, пак да се вадат и да се стават при промена на водната пумпа, не знам од каде ми се врти ова во глава, можеби сум грешка.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4027
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #71 на: Декември 01, 2020, 15:04:38 pm »
Aбе секој различно мислење има, реков да заштедам, ќе издржи уште 4-5 години, 100,000км му барав, ама џабе, пупунец.
Го сменав затегачот на линискиот цел сосе федер за +2000ден а можев само ролер за 800ден пример, па реков така ќе направам а пумпа не. Грешка на векот.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4726
  • French diamond
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #72 на: Декември 01, 2020, 15:44:08 pm »
Скапи за одржавање овие Реноата  :P

Отсутен Mikius

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6014
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #73 на: Декември 01, 2020, 17:24:33 pm »
Кај мене беше клапнато/одвоено од пластиката и зјаеше простор од околу 5 цм.
Често ми смрдеше на влага колата.
Во една прилика после пороен дожд приметив дека на совозачка страна теписонот е утоп и отидов на сервис.
Мајсторот веднаш ми го посочи местото,  оттука се полнело со лисја и разни ѓубриња, се затнувале цревата и водата прелевала во кабина.
Наводно фабричка маана, многу Мегани го имале истиот проблем.


Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4027
Одг: Renault Megane II 1.5 dCi (82KС) - 2003 Hatchback
« Одговори #74 на: Декември 01, 2020, 18:18:33 pm »
Кај мене нема баш толкав отвор, само на едната страна е можеби 5мм. Глуп материјал е, мек огноотпорен нешто, се извиличува со тек на време.

 А дупките за дренажа се со ~Ф25, па ако се затнат во коритово треба едно 5-10л да собери и да префрли преку отворот за филтерот во кабината. Над дупката за дренажа се гледа каде е, еден ќош пластичен.