Автор Тема: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci  (Прочитано 4690 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« на: 14 Октомври 2021, 09:22:26 am »
Дефектов заслужува посебна тема, да не се изгуби во прашања и одговори.

Поточно се два проблеми кои можеби се поврзани или независни.

Проблем бр.1
Уште од лани зимата на прво палење на колата ладна и надворешна температура под 10 степени, вртежите не се стабилни во првите 2-3 минути, има мало паѓање и компјутерот надохнадува и ги враќа. За одредени моментални параметри сака во лер малку пониски вртежи ама не можи да ги одржава. По 2-3 минути зависно од надворешната температура во лер ако ја оставам се стабилизираат, а ако пробам да возам одма, се осеќа нерамномерно забрзување, не како misfire туку како со пола снага, половичен misfire ако има такво нешто.

На пониски температури поголеми се варијациите, освен некогаш како за чудо пример под -10 се годи компјутерот да му дава повеќе гориво и повисоки вртежи во лер и нема паѓања, ама некогаш.

Еве видеа на различни температури, на 0та се гледа поубо проблемот, на 5 е помал, на -10 се погоде да не паѓаат до толку.




Проблемот летово го немав или кога температурите се над 10 степени, колата оди нормално, во ред е со возењето, 155км/ч на тахо во 4та и 4200вртежи макс му е, до 170 треба 5та да ја ставам ама и рамен автопат ми треба, грешка не вади.

Пред 2 години 0.6оми ги измерив греачите, а лани 0.4 оми, немаше умрен никој освен ако се ослабени, моментално ги немам измерено, ќе ги измерам. Маф сензор немам, фабрички.

Се соменвам во греачи или дизни запушени, а вие?
Филтер за гориво имав сменато пред проблемот, се сомневам дека не чини.

Проблем бр.2
Почна зачестено на оставена 10мин или сега и по еден час, загреана претходно да вергла силно, нормално, ама да не запали во 3секунди колку шо му е зададено времето за верглање. На второ палење ќе запали нормално. Само на претходно загреана ова. Некогаш вади грешка како на сликата ко ќе не успее да ја запали, некогаш не.
Акумулаторот е исправен, нема шо да се сомневам во него, освен како шо викаше ФилипМк ако е сензор на брегаста или радилица, допрва ќе ја проверам на компјутер. Или губам притисок некаде па не пали ама пак и не капи никаде...

Многу се распишав, одам на реклама голфој да гледам.


Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #1 на: 14 Октомври 2021, 09:53:00 am »
Јас колку што памтам мојот меган во зима на -15 не верглаше волку долго. Мислам дека проблемот е со дизните а ако греачот беше отиден ќе ти светеше сијаличката после возење.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #2 на: 14 Октомври 2021, 10:10:47 am »
Јас имав речиси идентични симптоми пред неколку години со мојот кокошарник 1.5дци.

Ја однесов на мајстор, мајсторот извади од моторот едно делче, како цилиндарче или така нешто долго околу 10 цм, рече дека бил некаков регулатор за довод на гориво. Просто го издува со компресор, го врати, и од тогаш колата спие, т.е. проблемот не се повторил ниту едаш.

Го прашував што дел точно е тоа и дали е паметно да купам нов и да се смени, мајсторот рече „не, не, нема потреба, од горивото е тоа, терај...“

ЕДИТ Дури сега ја видов твојата последна слика. Мајсторот ме пофали што сум дошол на време, т.е. што не сум ја возел така со сецкање подолго време, бидејќи - како што ми објасни - сум можел да ги оштетам инјекторите за гориво ако сум терал така подолго време. Ништо чудно кај тебе тоа оштетување веќе да се случило :-(
« Последно менување: 14 Октомври 2021, 10:17:26 am filipv »

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #3 на: 14 Октомври 2021, 10:31:33 am »
@filipv  дај контакт од тој мајстор

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #4 на: 14 Октомври 2021, 10:52:56 am »
@filipv  дај контакт од тој мајстор

Мајсторот е Мојсие Милосавлевски - Мојсо. Бројот ќе ти го пратам во ПП бидејќи е демек личен податок.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #5 на: 14 Октомври 2021, 11:07:33 am »
Абре аман, до толку се заебав, летово не сецкаше, значи нема проблем, ама сега паднаа температурите и проблемот почна пак да излегува.

Ако го виде, вакво е тоа делче, регулатор за притисокот на горивото:
Ќе пробам да го извадам викендов.




Јас колку што памтам мојот меган во зима на -15 не верглаше волку долго. Мислам дека проблемот е со дизните а ако греачот беше отиден ќе ти светеше сијаличката после возење.

Па така некако, ако умри грејач ќе јави на ламба, ако е до дизните Wynns црно паковање ќе се проба.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #6 на: 14 Октомври 2021, 11:45:56 am »
Ако го виде, вакво е тоа делче, регулатор за притисокот на горивото:

Го видов и - ако добро ме држи сеќавањето - не ќе да беше вакво. Беше попросто, без вакви некои џиџи-миџи на него.

Ама не ме држи за збор, не го фатив у рука да го анализирам.

Присутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2349
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #7 на: 14 Октомври 2021, 12:09:30 pm »
Ако се дизни, зар нема проблемот да е постојан и во лето и во зима......мене лани на Сеник-от (1,5 дци), крај на зима или почеток на пролет знаеше да ми упали тоа Injection fault и колата одеше во safe mod, ќе застанев да го оставам детето во градинка, палам и проблемот го нема. Ми направи така 2-3 пати, ги прашав од Виталеда што може да е проблемот, ми кажаа ако проблемот не е постојан не би можеле да откријат (повеќе потенцијални проблеми од кои еден од нив спомнаа и дизни). Па му бапнав еден адитив од Wynns (gold), мада проблемот од пред да ставам адитив го снема. Во летото направив мал сервис со сите филтри (и за нафта) и до сега, да чукнам во дрво, немам приметено ништо, мада сега фаќа ладното па ќе видиме дали ќе почне да брљави пак.
А и вториот проблем, на загреана кола подолго верглање, се изгуби после бришење на грешката на дијагностика (се заборавам дали беше сензор на брегаста или радилица).
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #8 на: 14 Октомври 2021, 12:16:52 pm »
Мислам дека нема такви строги правила. Све зависи од специфичниот случај. Шо го знаеш каде и како точно нешто се запушило, или што-веќе се десило на мајка му...

Мене поише ми сецкаше дур беше добро загреана колата.

Како и да е, џабе мозгаме тука, однеси си ја на мајстор и он ќе ја испита.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #9 на: 14 Октомври 2021, 13:43:51 pm »
Toa e, имаш заборавено можи, или ако е сензор за притисокот на горивото, нема друго колку што знам... (a можи и поразличен е кај тебе)

сензорот е овој:



Инаку имав купено пролетта дијагоностика за рено копија од али, па ќе ја пробаме изгледа.
Кај рандом мајстор за испитување тешко тоа јас да го направам, освен можно е во Рено на една дијагностика и можно е и да знаат што му е, сигурно се имаат сретнато со овој проблем.

Ама сакам јас да ја најдам причината и јас да му кажам на мајсторот прави ова и ова, па ако се заебам сам да се заебам.  ;D
« Последно менување: 14 Октомври 2021, 13:49:43 pm Power to the people »

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #10 на: 14 Октомври 2021, 14:11:38 pm »
Доколку е расипан регулаторот за притисок на гориво, нема да ти го даде како проблем на дијагностика. Најверојатно ни како грешка, ни доколку следиш параметри. И во официјален сервис не можеа да потврдат со сигурност дека е до него проблемот. Претпоставуваат дека е до него проблемот во случајов како кај тебе (плус се случува да изгасни колата одма после палење) од претходно искуство.

Прилично скап дел е ако го купуваш на ново, од 6-7к па нагоре.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #11 на: 27 Октомври 2021, 12:19:27 pm »
Еве на компјутер шо изваде зачувани грешки, сензор на брегаста и регулатор за притисокот на гориво. Следно ќе ги проверам каблите до сензорот и ако е се во ред ќе купам нов, па потоа ќе видиме.



Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #12 на: 27 Октомври 2021, 12:50:36 pm »
Сензорот треба да е релативно евтина работа, барем кај JTD беше евтино. Ако ме држи памтењето некои 1500 денари.

Тоа ти е наједноставната варијанта да пробаш - нов сензор. Тоа палењето на топла кола е симптом на лош сензор.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #13 на: 27 Октомври 2021, 13:07:12 pm »
Толку пари е и кај мене.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43706
  • Il Moderatore
Одг: Нестабилни вртежи на ладен старт, 1.5dci
« Одговори #14 на: 27 Октомври 2021, 13:27:58 pm »
Јас повеќе би се сомневал во фјул прешр регулаторот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.