што не им ја оспори? каков прекршок?
Или си плати ко овчичка без да кажеш ни збор?
08/2013 кај градска болница преминав преку улица, свесно нормално, брзав до трафиката... тука џандари, ме легитимираа, ме проверија по радио врска... и викам се брзам, ме чекаат во болница да однесам вода, имам човек што е на преглед бла бла... и ми викаат добро дечко слободен си штом така, ме пуштија.. се вратив исто, по сред улица набрзинка.

Копилињата ми напишале казна.
10/2015 (значи после 2 години од дешавката) ми стига писмо од мвр/суд, да одам во станицата во лисиче на сослушување бла бла.. отидов таму си кажав како што е, ма јок.. џабе бев таму на сослушување, не ме рецка никој, нема правда. После месец дена ми стига писмо и решение да си платам 1500 денари казна, со образложение дека сум направил прекршок и притоа сум одбил да го потпишам записникот/казната, и сум одбил да ми пишат казнени поени.. мамичето мамино, го најдов џандарот што ја пишал пријавата- копилето во меѓувреме се пензионирало, и шо ќе му прајш...
Што да оспорам после 2 години Џонтра ? Јас не ни знаев дека ми пишале.. да сакаа да ми пишат, ќе ја наредевме некако.. има казнени поени, има договор, има муабет со копилињата.. ама тие неее, зад грб ја пишале, и мене ми стигна само пресуда. Згора на тоа копилињата ЛАЖЕЛЕ во официјален службен записник, дека сум одбил да потпишам и сум одбил казнени поени. Парите во аптеки и за погреб да ги трошат. Буквите и бројките на крстот, од моите пари да им ги купат. Пу јазк.