Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1852630 пати)

Отсутен Pura

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7335 на: 06 Февруари 2016, 11:38:07 am »
Какви поени за пијан!???!???!?!???!??!?!???!!??!?!?!?!?!?!???!?!?

Консултирај се со адвокат, ќе ти ја земат возачката инаку.
Ми кажа 60 негативни или 375 евра, затоа и инсистираше да потпишам демек ќе сум поминел само со поени. Иначе возачката ми ја земаа на лице место, денес треба да ја подигнам али ако добијат на суд ќе ми ја одземат на 6 месеци... ќе видам со адвокат што ќе ме советува.

Се повеќе и повеќе се случува ова, полицијата пишува што сака, се е лажно, и немаш никакви права. На крај на суд е неговиот збор против твојот, и ти губиш. Класични рекетари, криминалци. Само видео помага за ова. Снимајте видеа, мора криминалците да одат во затвор.
имам лошо искуство во друга случка кога сакав да ја сликам колата на алфите бидејќи одбиваа да ми покажат идентификација, можеби ќе беше и подобро да снимам или да направам некоја глупост па да мораат да ме однесат во станица па да зимаат таму крв за анализа.
Сеат Кордоба 1.9 сди

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43723
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7336 на: 06 Февруари 2016, 11:39:35 am »
Не знам дали ќе вреди денес да отидеш на токсикологија, бидејќи алкохолот не исчезнува од организмот наеднаш, така да после 2,4 или 12 часа може точно да се одреди колкав процент останал од оној алкохол во времето кога те измериле. Ама кај нас тешко дека ќе ти вреди тоа пусулче, ќе треба после и вештак на суд од токсикологија итн...

Инаку, паметно што не си потпишал. И вака и така ќе те одерат, вака барем има шанси на суд да си ја кажеш прикаската, да си олесниш, и со чиста совест да бидеш - бидејќи не си крив. Признато дело - метак у чело ти е.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7390
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7337 на: 06 Февруари 2016, 11:43:07 am »
Ааааабе мамицата, неписмени копилиња со два дена школо глумат шерифи низ град, дојде време да му се плашиш и да му се тресеш на некое копиле џандарско. Посебно па тие сообраќајците, да ги тепаш со безпол палка по колена.  

Очигледно е дека ти си жртва, немало кој друг- па ај на тебе. Проблемот е што немаш како да се браниш, ебем им копилињата..  

Ај баш пиши што ќе направиш..

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7338 на: 06 Февруари 2016, 11:46:36 am »
Ццццц што читам... Мислам дека за да те однесат на крвна анализа треба да имаш документ дека си асматичар и не смееш да дуваш, во спротивно ќе заведат дека одбиваш да дуваш а има и за тоа казна...

Како баш такви ѓубриња ти се погодиле. И да, не очекувај дека џандарот ќе ти дојде на суд. Консултирај се со некој адвокат што да правиш.

Не ти текна одма да му кажеш да ја смени цуцлата? Обично мене нови ми давале, дури последниот пат ја сам ја отворив и ја поставив на дрегерот.

Отсутен Diablo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7339 на: 06 Февруари 2016, 11:49:25 am »
Ме застана полиција да дувам, имав испиено едно мало пиво и во ред дував. Полицаецот не смени цуцла пред да дувам или како се вика тоа на дрегерот, и на крај не ми ни покажа да видам колку ќе покаже. И само одеднаш ми вика "Ти си бил пијан, 2.3%"  :o не знаев дали е сериозен или се заебава, си влезе во кола и почна да пишува казна.

Инсистирав да ми даде повторно да дувам притоа да смени цуцла пред мене или веднаш да одиме на анализа на крв ама комплетно ме игнорираше си затвори прозор и ја пишуваше казната.

Во меѓувреме дојде нивни колега, му објаснив што е работата ама џабе и тој упорно ми кажува дека смее само еднаш да дувам, ок викам дај да видиме другарката испи 1 пијачка жестоко нека дува она ме интересира што е работата со дрегерот. И на истиот дрегер и цуцла и кај неа 0.23% ок викам дајте сега пак јас да дувам али не ми дозволи.

На крај кога ја пиша казната инсистираше да ги потпишам не ми даваше да прочитам што напишал, ме убедуваше дека ми прави услуга, само со поени ќе сум поминел а доколку не потпишам нема да смеат да напишат казнени поени туку ќе мора да платам 375 евра и на суд. Не се согласив и ништо не потпишав. Ми ги даде казната, записникот и потврдата за одземена возачка и ми вика "Оди паркирај таму доле некаде" им реков дека ќе ја паркирам на паркингот кај нив (Јавен паркинг во дебар маало) и уште ми се заканија, сакаш ли и во станица сега 12 саати да те носиме ???. Не сакав да се карам и си тргнав.

Е сега кај записникот заокружил дека НЕ БАРАМ земање на крв и дека ОДБИВАМ да ми се земе крв  :o, притоа во забелешка уште пишал дека мирисам на алкохол а кај сведоци на лице место не е запишана другарката која што беше со мене.

Веднаш отидов до полициската станица пролет да ги прашам што е работата и зошто не сакаа да ме носат да земат крв, ми вика не можам да ти помогнам напишал казна колегата си одбил да се потпишеш и тоа е тоа, ќе си оди на суд. Отидов на токсикологија, инсистирав да ми извадат крв и да направат анализа затоа што сакам да ја користам како доказен материјал на суд против казната, меѓутоа и таму ништо, не можеле тоа навечер да го направат и ми кажа дека полицајците можеле да ме однесат да проверат доколку не се согласувам.

Класичен рекет прават, како сега јас кога ова ќе дојде до суд да докажам кога полицаецот си го пополнил записникот и не ме ни праша дали сакам да ми се земе крв за анализа. Ќе биде мојот збор против неговиот и на колегата, притоа и мојот единствен сведок не е заведен во записникот.

Се извинувам на долгиот пост, некој да каже искуство со слична ситуација?
Пријави ги во Внатрешна контрола на МВР, сега како се таму уплашени ќе се среди, земи и консултирај се со адвокат а имаш и сведок.

Отсутен Pura

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 29
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7340 на: 06 Февруари 2016, 12:06:25 pm »
Ццццц што читам... Мислам дека за да те однесат на крвна анализа треба да имаш документ дека си асматичар и не смееш да дуваш, во спротивно ќе заведат дека одбиваш да дуваш а има и за тоа казна...

Како баш такви ѓубриња ти се погодиле. И да, не очекувај дека џандарот ќе ти дојде на суд. Консултирај се со некој адвокат што да правиш.

Не ти текна одма да му кажеш да ја смени цуцлата? Обично мене нови ми давале, дури последниот пат ја сам ја отворив и ја поставив на дрегерот.
Законот вели доколку одбиеш да дуваш следува казна, во полициска станица пролет ми рекоа дека само доколку одбијам да дувам носат на анализа на крв, во записникот пак наведено е како опција дали сакам или не, притоа должни се да ме прашаат без разлика што јас инсистирав на тоа веднаш да одиме, креваше раменици тој во станица кога му објаснив.

Ни на крај памет да побарам да смени цуцла, знам дека не сум крив со едно пиво уште ме убедува дека имам 2 промили. Во секој случај он е должен пред мене да извади и да ја смени ако не се лажам.
Сеат Кордоба 1.9 сди

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7341 на: 06 Февруари 2016, 12:15:51 pm »
а и ич не е чудно што тебе ти рекол дека 2.3 промили имаш,а на другарка ти 0.23.
не да смрди ова,него си треба поштено ко цивилизарани луѓе да се носи калаш у кола,4-5 рачни гранати и слично,друго чаре не гледам

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7343 на: 06 Февруари 2016, 14:44:37 pm »
Доколку е се така како што кажуваш тогаш пријави веднаш во внатрешна контрола во МВР. Друг министер е па може и ќе преземат нешто. Има и таму чесни дечки. Еве ти линк Обавезно да наведеш дека си имал и сведок. Ако прават истрага ќе ја контактираат и другарка ти.

Единствено нешто што ти оди во прилог е тоа што си одбил да потпишеш. За да не биде само твојот збор против неговиот (читај: неговиот збор се слуша на суд) јас би те советувал да пишеш на ѕидот на сообраќајниот срам на фејсбук, експонирај го случајот јавно колку што можеш, нека видат и други луѓе што се случува. Контактирај со некој од опозициските портали да објават пошто владините сигурно нема да го сторат тоа. Кога ќе излезе во јавност сакале или нејќеле тие од Внатрешна ќе мора да преземат нешто.

Еве што вели законот:

                                                                                         Член 228
(1) Возачот не смее да управува со возило во сообраќајот на патот, ниту да започне да управува со возило ако е под дејство на алкохол.

(2) Ќе се смета дека е под дејство на алкохол лицето за кое со анализа на крвта или на крвта и урината или со друг метод за мерење на количеството на алкохол во организмот, ќе се утврди дека содржината на алкохолот во крвта изнесува повеќе од 0.50 g/kg или ако присуството на алкохол во организмот е утврдено со соодветни средства или со апарати за мерење на алкохолизираноста (алкометар и друго), што одговара на количества поголеми од 0.50 g/kg или кај кое без оглед на содржината на алкохол во крвта, со стручен преглед ќе се утврди дека покажува знаци на алкохолна растроеност.

(9) Мандатен платен налог со глоба во износ од 375 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 60 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (3) на овој член и кај кој ќе се утврди содржина на алкохол во крвта од 2.01 g/kg и повеќе. Покрај утврдениот износ на глоба на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило од 12 месеца, под услови и постапка утврдени со закон.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7344 на: 06 Февруари 2016, 14:58:49 pm »
Ако не е потпишал, корумпираниот цајкан ќе додаде дека муштеријата не сакал да соработува, дека се карал со овластеното лице и уште повеќе глоба ќе добие.
МОРА да се донесе закон, сељачиштава цајкански да носат камера додека ги извршуваат обврските. Премногу злоупотреба на службена должност се случува.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг:
« Одговори #7345 на: 06 Февруари 2016, 15:01:51 pm »
Имав и јас еден комшија исто вака шериф изиграваше се додека син му не му го донесоа дома во количка за песок,само тоа е спасот:)
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7346 на: 06 Февруари 2016, 15:08:45 pm »
Не се сложувам со тој пристап. Треба коректно да се извршува задачата. Со видео надзор драстично ќе се намали злоупотребата на службената должност. Сега никој нема да му верува на Пура во она што го тврди, може се да измислил. Судијата ќе го осуди.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1481
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7347 на: 06 Февруари 2016, 15:20:59 pm »
@Pura , рашири го низ фб , нека дознаат луѓево..Прати го овде линкот , верувам дека огромен дел ќе го шернат да се рашири веста..
Се сложувам со Лошко дека мора да се донесе некој нов закон , бидејќи моментално е својот збор против неговиот , а неговиот е појак..значи ако нема добра воља џандарот , ако не е човек , го папаш..
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7390
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7348 на: 06 Февруари 2016, 15:22:11 pm »
Имав и јас еден комшија исто вака шериф изиграваше се додека син му не му го донесоа дома во количка за песок,само тоа е спасот:)

Е ова. Значи имало свесни и паметни луѓе што преземале нешто. Свака им част, заслужуваат медал. :) Само што не требало по синот, по шерифот требало. :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7349 на: 06 Февруари 2016, 16:52:02 pm »
Имав и јас еден комшија исто вака шериф изиграваше се додека син му не му го донесоа дома во количка за песок,само тоа е спасот:)

и? кој е позитивниот исход од сето тоа? замисли татко ти да усере нешто на работа, а тебе да те истресат од гаќи, да завршиш во болница претепан? зашто ти? зашто син му?

тоа не е правилен пристап и решение... правилното би било како што велат погоре, т.е. исто како што е во уса, канада, австралија, нов зеланд... секое униформирано лице, има камера на него закачена... секоја.. и полиција, пожарникари, специјални единици, брза помош итн итн...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време