Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1909203 пати)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7215 на: 04 Декември 2015, 15:35:38 pm »
Дечки ме интересира до колку коња е дозволено почетник возач да управува со возило,колку што знам до 100 коња или грешка сум?
И уште нешто,дали полицијата се држи стрикно до тие коњи што се дозволени,доколку сте биле во ваква ситуација споделете некое искуство?
Границата е 77kw.
Искуство немам, од рекла казала некои тврдат дека за коњските сили гледат меѓу прсти, а за другите ограничувања (возење после 23ч. И брзо возење си казнуват прописно). Кажав рекла казала, не ме држи за звор, казната е 200 евра или 40 негативни бода!

Еве што вели ЗБСП:

                                                                                                                  Член 277
(1) Возач - почетник кој поседува возачка дозвола од категориите ,,А1“, „А2“, ,,А“, ,,Б“, ,,Ц1“ и „Ц“ не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 km/h на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 km/h на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100 km/h на автопат, а со велосипед со мотор повеќе од 40 km/h, ниту смее со возилото да влече приклучно возило или да врши организиран превоз на деца, во рок од две години од денот на издавање на возачката дозвола.
(2) Возач-почетник на моторно возило, не смее да управува возило во патниот сообраќај во времето од 23,00 часот до 5,00 часот, освен ако со него во возилото на предното седиште се наоѓа лице-возач, од соодветната категорија и постаро од 25 години, на кое не му е изрекувана прекршочна санкција забрана на управување со моторно возило.
 (3) Возачот од ставот (1) на овој член, кој поседува возачка дозвола од ,,А” категорија, не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 25 киловати.
(4) Возачот од ставот (1) на овој член кој поседува возачка дозвола од ,,Б” категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 77 киловати.
(5) Мандатен платен налог со глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 40 негативни бода согласно со одредбите од овој закон на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите од (1) до (4) на овој член.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7216 на: 04 Декември 2015, 15:48:04 pm »
Ajde da go napravat i zeleniot karton do 77kw od evtiniot. Ne e fer nekoj od 100 konja i nekoj od 500 konja da plakja ista cena.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7217 на: 04 Декември 2015, 16:09:30 pm »
Ajde da go napravat i zeleniot karton do 77kw od evtiniot. Ne e fer nekoj od 100 konja i nekoj od 500 konja da plakja ista cena.

Јас имам 78kw :) Душа ќе ми се кине ако го направат така :)

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2652
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7218 на: 04 Декември 2015, 18:00:48 pm »
Дибитус, добро што си го цитирал законот, како што гледаш во мојот коментар истото го имам напишано. ;)
Во врска со зелените картони, би сакал да де вратат 3 месечните или полугодишните зелени картони.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7219 на: 04 Декември 2015, 19:08:58 pm »
Па нели ги вратија ?

Присутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1386
  • Велешанче
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7220 на: 04 Декември 2015, 19:15:29 pm »
Вратија можност за еден месец, ама не се исплаќа да извадиш за еден месец зошто разликата во цената во однос за една година е многу мала.
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7221 на: 04 Декември 2015, 19:16:38 pm »
Разликата е пола.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2652
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7222 на: 04 Декември 2015, 20:40:04 pm »
Значи сега има за 1 месец и за 1 година?
И јас имам слушнато дека тој за 1 месец е на пола поефтин. Што пак нема логика, ако е така треба да трае 6 месеци(пола година, половина цена) ама барем има алтернатива, затоа што за 2-3 пати до грција не се исплаќа да платиш зелен картон како за цела година. Како и да е мислам дека треба повеќе избор

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7223 на: 04 Декември 2015, 20:56:15 pm »
Кхарг на Правдико го пишува следново:

„Застареноста за изречената прекршочна санкција не може да се изврши ако од денот на правосилноста на одлуката за прекршокот поминат три години.“

Значи ако судот пресудил некому да ја земе возачката на месец дена или 3 месеци и ако не му стигне покана во рок од 3 години дека застарува?
Баш така.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43919
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7224 на: 05 Декември 2015, 09:38:19 am »
Ajde da go napravat i zeleniot karton do 77kw od evtiniot. Ne e fer nekoj od 100 konja i nekoj od 500 konja da plakja ista cena.

Јас имам 78kw :) Душа ќе ми се кине ако го направат така :)

Јас за стилото така, 70KW e, a do 66KW е ефтиниот зелен картон. Среќа си купив кола со 150KW, да не ме јаде јанѕа за зелениот картон.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7225 на: 05 Декември 2015, 17:29:30 pm »
Ај барем ти си со плус 3 киловати :) има на некои коли 66,1кв е тоа е да фанеш да се отепаш :) ем регистрација поскапа и зелен картон :) среќа јас сум рамно на 66кв :)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Beki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7226 на: 05 Декември 2015, 22:08:41 pm »
Во ред фала за одговорите,инаку за тоа дали полицијата при контрола се држи стрикно за коњажата и јас имам слуштано дека прогледуваат низ прсти,ама сепак ризик е,само се мислам дали би поминал полесно доколку автомобилот е со 116 коња од колку да е 131 на пример? :) 
« Последно менување: 05 Декември 2015, 22:17:03 pm Beki »

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2652
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7227 на: 06 Декември 2015, 15:39:51 pm »
Мислам дека не. Нема врска за колку ја надмашуваш границата. Ако решил да те казни ќе те казни

Отсутен JKD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 231
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7228 на: 06 Декември 2015, 16:14:51 pm »
би требало да прогледуваат низ прсти ако немаш друга кола...би ТРЕБАЛО.А дали е за 5 коња или 120 коња разликата,не мења,ако РЕШИЛ да те казни...али мало умилкување и замарање не е  на одмет,но секој човек е различен...мој другар го фатиле мртов пијан,после 11,без појас,па со тегнење и молење го пуштиле...ама се е до човекот,друг слушнав го казниле за 3 или 5 коња му лупнале 400 евра казна...

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #7229 на: 06 Декември 2015, 20:46:52 pm »
Е од такви копилиња што го пуштиле другарти мртов пијан, и што затвараат очи кога ауди проаѓа на длабоко црвено на прометна раскрница, страдаат невини. Кратко кажано, копилиња ретардирани. :) Да цркнат. ;D :D :D :D хахахаха