Ви благодарам на сите на комплиментите кои ми ги упативте

Бидејќи не се разбирам многу од мултицитат на форумов, ќе се обидам да појаснам уште некои работи.
Најпрвин ќе почнам од запирањето на постапката: Тоа е чисто формално-административна постапка, која едноставно... мора да биде

Кога еден предмет за присилна наплата на казна е формално отворен со барање, истиот тој предмет еден ден мора да биде и затворен. За да биде затворен, постојат неколку начини: Првиот е да биде наплатен, вториот е лицето кое треба да плати да е починато, третиот е застареноста на казната и четвртиот е запирањето на постапката. Тоа е само форма за да се запре постапката. Во вид на решение за запирање. Утврдено е дека лицето нема имот, иселено... такви работи. Во пракса, се чека застареноста.
Кога веќе ја начнавме застареноста во дискусијата, еве еден линк од Правдико каде е прекрасно опишано се, препорачувам да го прочитате сите
http://www.pravdiko.mk/za-kolku-vreme-zastaruvaat-soobrakajnite-prekrshotsi/Ако нешто треба да се појасни, ќе се обидам да појаснам. Генерално застареноста е 6(шест) години од денот на сторување на прекршокот.
Мислам дека trkalo спомна паушал од 2004 година наплатен сега или во блиско минато. Паушалот, за разлика од казната, не е буџетски приход, туку е сопствен приход на судот и него судот си го наплаќа преку приватните извршители. Тука има други процедури... долга и широка е....
И, сега пак ќе се навратам на самото извршување.
Во пракса, најлесно е да се спроведе извршување со блокирање на сметка, или, ако лицето е вработено, со задршка на 1/3 од платата. Тоа се два различни начини на наплата. Во првиот случај банката сопира средства во износ наведен во решение за извршување, а во вториот работодавецот сопира 1/3 од нето платата која треба да биде исплатена, и таа 1/3 ја уплаќа во име и за сметка на вработениот кој треба да плати казна. Раширена заблуда е дека банката треба да сопира 1/3 од плата, а не е така... всушност тоа го прави работодавецот.

За другите начини на наплата нешто: Ако веќе зборуваме за сообраќајни прекршоци, каде највисока казна е 500 евра, најлесно е да се наплати од сметка или од плата.
Ако не може така, тогаш е заплена. Да се заплени некој предмет, најлесно е тоа да е предмет за кој најлесно се докажува сопственоста. На пр. куќа или кола... Куќата е запишана во катастар, колата во МВР... A неисплатливо и глупо е да се запленуваат предмети со многу поголема вредност од казната. Убаво некој беше констатирал дека не знае дека некому му е нешто запленето за казна...
Предметите од домаќинството на пр. не може со сигурност да се утврди кој е сопственик. Казната е лична, поврзана е со сторителот лично. Таа неможе да се наследи како долг. само и единствено одговорен е казнетиот.
Еве го случајот со 18-19 годишникот... како одговор до brm brm.
Или ќе платат родителите од срам

или ќе му се блокира сметка, или ако е вработен ќе му се сопира 1/3 од платата... Освен во случајот со 1/3 ќе се чека до наплата или застарување.