Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1690966 пати)

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7306
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6585 на: 26 Јуни 2015, 17:46:11 pm »
дечки, ајде едно мислење од вас...

возев денеска од гостивар накај тетово и на 1км пред патарина џандари со радар, цело време држев темпо 100-110( во кола бев со 3 особи сите над 70 години)

ме запира, и си застанав поштено спремен да си потпишам да земам бодови пошто возам 30 над дозволеното на автопат.

ми вика дечко те застанав заради поголема брзина од дозволената
јас: добро, колку возев над дозволеното
тој: 160

ме покажа на радарот во едно квадратче мојата алфа сликана и горе во аголот пишува 159км/х

ми пиша казна и покрај убедување и триста глупости да му докажам дека не е можно да сум возел 160

не потпишав ништо, ама знам дека ми го уништи денот и неможам да разјаснам зошто се случуваат вакви неправди?

А дали имаат они документ дека радарот им е баждарен ? ;D :)

Ако не ти е јасно, нека ти се разјасни. Добредојде во македонија, со мало м. :D :D :D

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6586 на: 26 Јуни 2015, 18:35:45 pm »
ме убедуваше дека бил 100% ТОЧЕН и дека несакал ни најмалце да ме носи на душа.

луѓе, што ни се случува во државава?

некој да ми кажуваше дека вакво нешто е можно да се случи немаше да верувам...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54808
  • Махер

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6588 на: 26 Јуни 2015, 18:54:27 pm »
Баги стварно незнам која фора ти ја направил џандарот ама скоро невозможно е на новите радари со сликање да се направат некои вакви ујдурми, да беше од оној класичниот како сака може да те намести ама со овие стварно не ми е јасно....

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6589 на: 26 Јуни 2015, 18:56:14 pm »
како ќе докажам дека не сум возел 160?

зошто нема логови колата да покаже колку сум возел у задњи 50км? :/

сте слушнале до сега ваква отстапка на некој познаник ваш? од 100км/х да покаже 160?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43407
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6590 на: 26 Јуни 2015, 18:56:28 pm »

Ако не ти е јасно, нека ти се разјасни. Добредојде во македонија, со мало м. :D :D :D

Мало м, како меморирана брзина од претходно на радарот?

Лопови мамицу им њихову! Баги, кога ќе ти дојде покана за суд, земи си ги тројцата пензионери со тебе за сведоци. Може судијата ќе прифати да присуствуваат и да кажат нешто.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6591 на: 26 Јуни 2015, 19:03:17 pm »

Мало м, како меморирана брзина од претходно на радарот?

На новите со сликање неможе баш така да биде една кола сликана а брзината меморирана од друга кола, пред сликање прави ресет.

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6592 на: 26 Јуни 2015, 19:06:09 pm »
на сликата ме има мене ( алфата во лева лента ) и форд фокус  во десна лента и се гледа дека он е понапред и + тој ме пројде мене од десна лента а цело време возеше позади мене. не ми блендна ниеднаш за да се тргнам да ме пројде туку полека полека ме помина од десна страна

и кога ме пројде ми направи некоја разлика од 100 метри и тука ме запреа мене....

сигурен сум дека фокусот не возеше повеќе од 130 а мене ме обележало квадратчето со 159км/х

се мислам дали да ја платам казнава па на суд да молам за да не ми одземат возачка ...

ени ајдиас?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4087
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6593 на: 26 Јуни 2015, 20:00:09 pm »
нека ти даде совет банзаи,ја не би платил.
башка,на тој пат дозволено е 80,а ти возиш 79 над дозволеното,со плаќање на казната,мислам дека си признаваш вина па оде и возачка на неколку месеци.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29269
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6594 на: 26 Јуни 2015, 20:29:45 pm »
Штом не си потпишал, ќе одиш на суд како и да е.

Е сега..

Ако ја платиш казната (упола во рок од 8 дена) според судот го признаваш делото - си признаваш дека си крив, си платил. Таа е логиката. Прашањето е дали да ризикуваш да ем да изгубиш возачка, ем да платиш 300 јурци (плус околу 1000че судски трошоци). Ако успееш судијата да го убедиш дека не си возел толку брзо, тогаш ником ништа, идемо даље, сите среќни.

Освен џандарот. Во последниве неколку години џандарите живи среќни ги обжалуваат пресудите и големи се шансите на апелација да ти доделат три (или повеќе) месеци. Така да, постои пак шанса да бидеш е*ана странка во целата ситуација.

Мој совет - не ја плаќај казната, оди на суд. Надевај се дека џандарот нема да се појави на судење (99% не се појавуваат) и дека ќе пројдеш.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6595 на: 26 Јуни 2015, 20:30:26 pm »
на сликата ме има мене ( алфата во лева лента ) и форд фокус  во десна лента и се гледа дека он е понапред и + тој ме пројде мене од десна лента а цело време возеше позади мене. не ми блендна ниеднаш за да се тргнам да ме пројде туку полека полека ме помина од десна страна

и кога ме пројде ми направи некоја разлика од 100 метри и тука ме запреа мене....

сигурен сум дека фокусот не возеше повеќе од 130 а мене ме обележало квадратчето со 159км/х

се мислам дали да ја платам казнава па на суд да молам за да не ми одземат возачка ...

ени ајдиас?

Јебеш казна, време е за 159-ка  8)

Отсутен MarkoS

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 210
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6596 на: 26 Јуни 2015, 21:42:17 pm »
дечки, ајде едно мислење од вас...

возев денеска од гостивар накај тетово и на 1км пред патарина џандари со радар, цело време држев темпо 100-110( во кола бев со 3 особи сите над 70 години)

ме запира, и си застанав поштено спремен да си потпишам да земам бодови пошто возам 30 над дозволеното на автопат.

ми вика дечко те застанав заради поголема брзина од дозволената
јас: добро, колку возев над дозволеното
тој: 160

ме покажа на радарот во едно квадратче мојата алфа сликана и горе во аголот пишува 159км/х

ми пиша казна и покрај убедување и триста глупости да му докажам дека не е можно да сум возел 160

не потпишав ништо, ама знам дека ми го уништи денот и неможам да разјаснам зошто се случуваат вакви неправди?

Брат Алфа е тоа, да не случајно си го стиснал 160км/ч а немаш осет мислиш дека возиш стотка и ич не гледаш у брзинометар, можно е?  :D

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5835
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6597 на: 26 Јуни 2015, 21:55:26 pm »
Па баш дека е алфа, сигурно брзинометарот е дефект нешо, кажувал помалце :D

Шала на страна, не ја плаќал чим не си се потпишал, оди на суд можда ќе ти ја намалат или ќе направат нешто на рати. Ако ти дозволат земи ги со тебе луѓето шо си ги носел. И моли ср да не јадеш забрана, ма да...

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6643
Одг:
« Одговори #6598 на: 26 Јуни 2015, 21:57:40 pm »
Само со врски баги другото,сведоци ова она не поминува другар....

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43407
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6599 на: 26 Јуни 2015, 21:59:56 pm »
Прашањето е дали радарите ги чуваат сликите во некоја меморија која после ја користат како доказ или е само привремено дур да ти ја покаже. Мислам дека џандарот има цврст доказ пред суд, ако радарот ја има зачувано сликата.