Ок, гледам не ме сфаќаш, не сум револтиран поради казните, него поради тоа што сме се жалеле во општина, а никој не реагира и затоа не се замарам ич... А незнам како ти таму се чувствуваш загрозен, јас сум поминал од таму 1000+ пати буквално и никогаш не сум бил, но не сум ни се почувствувал загрозен... Не е за мрзата, како што кажав, овој проблем се решава многу лесно, само на некој треба да му текне и да каже, "таму, таму и таму" треба да се направи нешто, не е ова единствено место каде што има ваков проблем или сл. Неќам да коментирам повеќе, но овој проблем ескалира повеќе од 10 годинии крајно време е да се реши... Ете како што викаш, јас мислам дека тоа е паметна идеја да се поврземе со паркингот, ама сите дигнаа раце, на кого да му кажам кога никој веќе не се замара, башка ни луѓето не се криви него тие што го правеле "планот", да смислат нешто за оваа проблематика кога веќе се асфалтира на 2-3 метра од таму, да се продолжи за да се спои со улицата... Брат џабе е како да ти кажам, само јас и ти ќе си кинеме живци тука и ќе се докажуваме кој е во право и само ќе се навредиме еден со друг, а тој што е платен за ова не смислил и не превземал ништо... Неможам да се замарам веќе за ова, а многу сум револтирен, немаш претстава затоа што ништо не се прави според план, како што треба, туку ќе ја асфалтираат улицата па ќе ја копаат за да стават канализација, а може и намерно прават...