Им текнува од време на време да застанат и да ловат кај пералните на кривината во Ново Лисиче.
Ги ловат тие што излегуваат од Лисиче од улицата од кај Мирко 919, па вртат на две полни во правец накај пералните, а 99% од луѓето што излегуваат и одат во тој правец, го прават прекршокот. По правило, тука треба да се обележат испрекинати, ама златна точка им е.
Точно, таму од време на време знаат да застанат и злоупотребуваат што тука немаат ставено испрекинати... На кај и да идам јас поминувам од таму и во 70% од случаите треба да свртам лево...
Не, туку вие и 99% од луѓето треба да повозите уште незамисливи 10ина метри до следната раскрсница и безбедно да свртите. Не злоупотребуваат џандарите ништо тука, туку аздисувате пошто нели мора одма на булевар да се уклучите и ќе потрошите гориво ако повозите уште 10ина метри. Јас би стоел нон стоп таму и све живо и диво би испоказнил, затоа што милион пати на мене и на мои блиски им била загрозена безбедноста пошто 99% од случаите решиле да не ги почитуваат двојните полни линии, како и поради тоа што за да се сврти регуларно накај лисиче со вклучен десен жмигавец се фаќа лакот со пола кола у левата лента. Значи на тоа место нема раскрница и нема испрекинати линии и некој смислил зашто е тоа така.
Не се прави светец, да живееш тука и да поминуваш нон-стоп од таму ќе те видев колку ќе го почитуваше тоа.. Треба да свртиш десно па да идеш лево или десно на некој од паркинзиве во ново лисиче па да свртиш полукружно, па повторно да чекаш да поминат коли за да се приклучиш на булеварот, абе ајде молим ти се... Ама ок те сфаќам, секогаш е најлесно да се каже или да се направиш паметен... Значи тој што го смислил, не го смислил како што треба, не е функционално... А што ќе кажеш за враќање, кога се враќам накај дома од последна петка, кога вртам лево пак треба да сечам две полни или да скружам од кај Пинтија, што мислиш??