Taка е, или резервно или пена, ама колку цајкан ќе ти провери дали имаш едно од овие...
офтопик: Некој да се пофали со спреј/ пена да има искористено да сподели искуство? Нели време треба за пената да стврдни, и после како на 5 бара се осеќа гумата? х)
јас имам.. пената служи за да ја поднапумпа малку гумата и може да затвори-задихтува помали дупчиња... за поголеми не ти помага.. имам искуство и со едното и со другото...
и да.. пената никогаш не се стврднува, туку останува како леплива смеса, во мнооогу тенок слој, односно откако ке спласне се, не е воопшто пена туку е пола милиметар некаков лепак, како жива гума ил нешто слично, за после 3-4 дена да се исуши и сама да се олупи...
нај убав начин да ја употребиш нејзе е да ја дигнеш на дизалица колата на тоа тркало, и доколку успееш да лоцираш каде е дупчето, да го завртиш надоле да биде пред да почнеш да ја вбризгуваш пената. запомали гуми (мислев на мали гуми како 12-13 или може и поголеми, ама ниско профилни, битно е мал волумен да има за поумпање) успева да крене докај 1,5-1,7 бари притисок, што е и повеќе од доволно да те однесе до вулканизер или првата бензинска кај што има компресор за да допумпаш...
доколку имаш поголема дупка, џабе ти е... мене значи и тоа ми се деси, руептина од шилец дебел колку цигара. пената едноставно истече надвор од дупката и ништо не направивме. а тоа значи и дека ако ја лоцираш да речеме ете, шајка имаш во гумата забиена. не ја вади. само напуни ја со пената и правец вулканизер. поентата е дека со пената не си ја решил дупнатата гума, туку имаш решение да мрднеш од таму кај што си заглавил со дупната гума, а немаш резервна...