Eкипа, молам за совет.
Во саботата поминав на жолто светло низ семафорот спроти излезот од паркигот од гтц, оној за пешаци, од рекорд во правец накај собрание. Пред самиот семафор имаше застанато полициско возило кое, откако поминав на жолто, упали ротациони и ме застана и ми пиша казна (300 евра, ако ја платам за неколку дена 150).
Бидејќи сум апсолутно сигурен дека поминав на жолто и дека немав време/дистанца да закочам откако зеленото се смени во жолто - освен можеби со копање у место и запирање на сред пешачки - одбив да го потпишам записникот и не сакам да ја платам казната. Според моето видување, постапив целосно во согласност со сообраќајните прописи. Иначе не сум луд свесно да правам прекршок на 2 метри од полициска патрола.
Што да правам? Спремен сум и вољен да се појавам пред судија и да го изложам моето гледиште.
Или да не се ебавам воопшто и да си платам 150 евра ко попче?