^^
Член 36
(1) Возачот не смее да го менува начинот на управување со возилото со
нагло намалување или зголемување на брзината на движењето и да го
стартува возилото постигнувајќи притоа горна граница над дозволениот број
вртежи на моторот односно пролизгување на погонските тркала, освен во
случај на непосредна опасност.
(2) Возачот кој е со намера значително да ја намали брзината на
движењето на возилото, е должен тоа да го стори, освен во случај на
непосредна опасност, на начин со кој нема да го загрозува или во поголема
мера да ги попречува другите возачи што се движат зад него, како и да ги
предупреди тие возачи за својата намера со вклучување на стоп-светлото или
со давање на соодветен знак со раката.
(3) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (1) на овој член.
(4) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставовот (2) на овој член