Зашо не можат на друг, па ај мене... ама налетале на погрешен човек/
На семафорите кај касарната, поминав на црвено (немаше НИЕДНА кола, полека си поминав, зашо да чекам коа сум со точак) и за надоле мааааали осмици кога немаше никој пред/позади мене и тоа на 5цм од работ на патот, значи скроз десно си бев.. Се изнасмеав и си поќутев
Јас би ти ја дал соодветната казна за проаѓање на црвено. Учесник си во сообраќајот, без разлика дали си со кола, пешки, или на точак. Ако можат да ме казнат мене во кола, можат и тебе на точак. Точакот не е ниту оправдување, ниту зелено светло за игнорирање правила.
Истото важи и за пешаци што не почитуваат семафори, што не почитуваат пешачки премини, итн.. За луѓето на точаци што мислат дека се подобри од мене пошто се на точак и „они ја чуваат околината додека работат на своето здравје“ а истовремено проаѓаат на црвено, возат на среде партизанска, итн, да не праиме муабет.
За такви треба да се донесе закон, ако напраи глупост, да имам право да му врзам шамар, јавно, пред сите.