За малце го изедов сега, иначе поминав на жолто затоа што ако почнев да кочам ке застанев на сред раскрсница а возев некаде 40 затоа што само што се доближив до семафорот светна жолто. Овие стоеа после семафорот и ме застана, му дадов документи вика засо поминуваш на црвено викам не е точно господине( мада не зааслужуваат ни гом.о да им кажеш) само што се запали жолто и јас во тој случај сум должен да поминам бидејки ако почнам да кочам ке застанам на сред раскрсница. Викам го имам читано законот и знам дека на жолто се поминува. И ми го зема документите и отиде у комбе и пичува нешто 2 мин и искочив и гледам се јавуваше ми проверуваше по станица таму нешто. И ми вика казна ке потпишуваш? Викам не господине затоа што јас бев од таа страна и знам на што поминав а вие бевте од тука и го гледате спротивниот семафор и према него се ориентирате и кога поминав вие не ни гледавте затоа што видовте пред да дојдам до вас 50 метри. Бика еве јас ке ти пишам казна и забрана 3 месеци а ти имаш суд и жали се. Викам вие знам дека тоа можете да напраите ама на суд коа ке идам јас ке кажам тоа што и на вас ви го кажувам а тоа е вистината, а судијата има право повеке на вас да ви верува и за што ке идам на суд за ништо да платам дупло само. И прекина да шкрта таму вика кај живееш точно што работиш? Викам невработен сум. Зарем никаде не работиш гледам имаш Ц категорија, викам не вика ајде иди и пази. Му викам ако има некои што пази повеке од мене слободно пишете ми казна и се смее ко зелен иди си ајде вика. И тоа беше за секунда можеше да ти земат и возачка и пари и све а на правдина. Се случува некогаш и да згрешиш ама со овие драконски казни господ нека ни е на помош ако дојде ред да плакаш.