Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2627813 пати)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6316
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1380 на: 21 Август 2012, 23:12:32 pm »
:/

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1381 на: 21 Август 2012, 23:13:43 pm »
Дали во 3 сатот на ноќе, идеш на семафор, гледаш црвено и треба да чекаш 50 секунди, смееш да поминиш или пак ќе си чекаш како луд ???
Toa e vecnoto prasanje. Porano koga imase normalen soobrakjaj se palese zolto posle polnok.
Soobrakjajot se odvivase besprekorno.
Bes-pre-korno.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6316
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1382 на: 21 Август 2012, 23:15:00 pm »
А точно е тоа што го пиша некој член тука, дека возач смее да помини на црвено, ама треба да ги пропушти сите возила кои поминуваат на зелено ???

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1383 на: 21 Август 2012, 23:15:50 pm »
Дали во 3 сатот на ноќе, идеш на семафор, гледаш црвено и треба да чекаш 50 секунди, смееш да поминиш или пак ќе си чекаш како луд ???

зашто луд? на црвено светло се стои бе друже...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6316
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1384 на: 21 Август 2012, 23:17:15 pm »
абе се стои сам на раскрсница ??, ни чекаш некого ни ништо..

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1385 на: 21 Август 2012, 23:19:18 pm »
Prasanjeto e zosto da e crveno ako nema nikoj. Pred 10 godini bese taka. Nemase ispomocano crveno svetlo. I imase pomalku od 4 pati semafori.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1386 на: 21 Август 2012, 23:22:55 pm »
абе се стои сам на раскрсница ??, ни чекаш некого ни ништо..

незнам за другите градови во МК ама во скопје поубаво ти е да чекаш... има неколку причини:
-може на 50 метри подоле да се чика полицаец и да чека такви како тебе нестрпливи.
-може на камера да те упецаат и да попиеш казна...
-може баш ти кога ке тргнеш некој со “авто пилот“ да ти улета со 200 км на час со клизачи директ у тебе, зашто на него му е зелено а тебе не...


за првите 2 црти 300 евра кошта за последната не се знае ама јаче е од 1500 евра и зборам само за пари... да не праам муабет ако те тртне некој без кочење само со 100кмч у твоја врата што ке се деси со тебе... ебеш пари тогаш, си го наебал со животот или здравјето...

затоа, чекај си.. 50 секунди и не се баш нешто многу, подолго од тоа мочаш... а и на зелено кога ке проаѓаш увери се дека нема некој друг од страна што размислува обратно од мене...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7270
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1387 на: 21 Август 2012, 23:46:22 pm »
Прво и основно прашањето за тоа дали нокно време кога е црвено треба да се стои е што се вика ептем глупаво, без да навредам никого. Значи црвено и во 14:00 во најголемиот шпиц и црвено во 3:00 после полнок е ЦРВЕНО и што тука има да се расправа дали смееш или несмееш, и согласно закон за безбедност во сообракајот и патиштата, на црвено кога е семафорот се стои, кога е жолто исто се стои, на зелен сигнал се трга и поминува, а на жолто се поминува само во ситуации кога ти со возилото не би можел да застанеш пред семафорот, тоа би му дошло на околу 4-5 метра да ти се појави жолт сигнал, а ти веке идеш со ~60 км на час

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1388 на: 21 Август 2012, 23:48:23 pm »
баш така...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6316
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1389 на: 21 Август 2012, 23:54:30 pm »
Прашањето го поставив поради еден пост..
Еве го најдов
Денес најдов нешто што СЕКОЈ - АПСОЛУТНО СЕКОЈ мора да го има отпечатено, урамено и обесено на ретровизор!!


Цитат
Член 46
(1) Возачот кој со возило влегол во крстосница на која сообраќајот е
регулиран со уреди за давање на светлосни сообраќајни знаци, може да ја
напушти крстосницата без да чека сообраќајот да биде со светлосен знак
отворен во правецот во кој е со намера да го продолжи движењето, под услов
да ги пропушти сите учесници во сообраќајот што се движат во правецот во кој
е отворен сообраќајот.
(2) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода
согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на
одредбата од ставот (1) на овој член.

Ова значи:

- Господине, поминавте на црвено
- Не господин полицаец, не беше црвено кога влегов на раскрсницата
- Ама на црвено помина
- Ама господин џандар ни заеден, член 46!
ноќе во 3 сатот низ кичево нема ретко кога има кола, така да нема кого да пропуштиш...

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7270
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1390 на: 21 Август 2012, 23:57:59 pm »
Не мешај баби и жаби сеа, ова последниве цитати и членов се однесува на пример на раскрсница кога вртиш лево, веке ти се запалило зелено, ама мораш да ги пропуштиш колите што идат право, па после ти да свртиш, а додека ти свртиш, може тебе да ти се затворил семафорот, али ти си навлегол во раскрсницата додека е зелено, ај убаво лепо прочитај го членот, зашто друже ја правен студирам.
Твоето прашање е: -Доагам на семафор, гледам црвено и што да правам, да чекам или да поминам, а тука во членот тоа не го пишува, читај малку подобро

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6316
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1391 на: 22 Август 2012, 00:00:30 am »
Во право си... Не сум го разбрал како што треба...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55336
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1392 на: 22 Август 2012, 00:03:51 am »
А зошто не трепкаат сите семафори жолто посе 12, како порано?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9214
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1393 на: 22 Август 2012, 00:04:45 am »
А зошто не трепкаат сите семафори жолто посе 12, како порано?

па на кого ќе лепат казни така

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7270
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #1394 на: 22 Август 2012, 00:06:14 am »
Во право си... Не сум го разбрал како што треба...

Битно да се разбереме, не би сакал да те почешаат со 300 евра. Еве ви го законот за безбедност во сообракајот и патиштата, иди на член 44 и ке видиш што пишува таму за црвено, жолто и зелено
http://www.igu.gov.mk/files/pdf/transport_i_vrski/zakoni/Bezbednost_vo_soobrakajot_na_patistata_54_03052007.pdf

Не пишува дека црвеното важи преку ден, а ноке не важи, црвено си е црвено и дење и ноке  :)