Побрзав да стигнам еден другар, и, дечкиве само што се местеле на местото, истрча од спротивна уличка, и застани ...
Возев над ограничување сигурно ...
-Документи?
Му дадов меѓународна и сообраќајна...
- Кај ти е возачката?
Во друго возило ...
Излези надвор, да дуваш, која година си положил, отвори позади ...
Тој вториот гледам држи радар во рака, ама пробува да го вклучи во кола ...
Од кај идеш, и дали имаш пиено нешто?
Викам од фудбал, и не, не сум пиел ништо ...
Да биде иронијата поголема, и каиш си носев, и освен пречекорена брзина, се друго бев исправен...
Мислев дека ме измериле, и дека ке ми реди сега казни за све можно ...
Покажа Дрегерот 0.00... Ете, не ве лажам ...
Па кај идеш толку брзо?
-Колку возев, му викам ја, да знам да барам пријател ако сум над 30...
Немав време да гледам колку возам, овој будалава застана на сред улица ...
Па доста брзо, ми вика он ... А колку точно, прашувам ја, и вика он, не те меревме ...
Запишаа во евиденција, проверија на централа дека имам положена одамна, и тој ми вика, ке те пуштиме овој пат, внимавај нареден пат...
Со двајцата џандари седев на иста маса на свадба кај нивен колега, кој им беше филмот, стварно не знам, дали стварно не ме познаа ...
Ова е втор пат на тој ист џандар да ме застане и да ме прашува за алкохол ...
Тешко копиле е, сите се жалат, додуша, и го пеглаа во неколку наврати ...
Да се покаже силен, пишал казна тука во Куманово, на еден од телохранителите на лице од доста висок политички профил, па го јадеше немиен ...
Да им беше вклучен радарот, или да сум поминал 2-3 минути подоцна, ке ме изгореа жив ...