Другари бе,
Прекршоци има и ке се прават, и да ке се казнува. Многу од Вас имате пријател џандар кој ви помага во незгодни ситуации, а уште почесто му должите услуга. Неретко таа услуга чини повеќе од казната.
Јас не сакам да познавам џандари, нејќам да молам, нејќам да се удварам. Нејќам да дужам услуга на џандар. Во дадена ситуација, ако успеам да се објаснам, ОК, ако не, и мислам дека сум во право ќе одам на суд. АКо не сум ќе си платам казна, казната е трошок како и трошокот за бензин, сервис, перење кола,паркинг. Возењето не е привилегија која завршува со турање гориво во колата. Возењето е учество во сообраќај, и се сложуваме дека во колективна институција како сообраќај мора да постојат правила.
И јас исто не се сложувам на нелогични казнувања, малтретирања и докажувања, а и не ми је јасно зошто казните се сведени на 10 типа на прекршоци, коа имаат уште 100 кои пред нос им се и не се почитуваат. Сечење на ленти, незаконско прерипување на ленти, газење на полна линија на дупли булевар, возење во обратна насока на еднонасочна улица, паркирање на пешачка патека, оставање возило со месеци непоместено, инцидентен технички преглед, зборување на мобилен телефон без хендсфри, пешаци вон пешачки.... ова се казни кои помалку или ич не се застапени.
Они праат глупи намештаљки, со оној сребрениот Голф 4, а пред нос имаат еден куп други прекршоци....
Казните почнаа да не учат на цивилизациско возење, застануваме на пешаци на пешачки, пратиме брзина, не летаме на жуто да фатиме семафор, возиме малку посмирено. Останува на џандарите да се оправат, секако се на подобра позиција од пред десет години на пример, секако се пообразовани, секако се посмирени, а дека и таму има таленти, има и ќе има како и во секој друг сегмент.