Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2095789 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #930 на: 09 Јули 2012, 14:22:46 pm »
Како што се сеќавам, имаше предлог закон за корекција на максималните брзини во државава. На различни делници требаше да има дополнително означување. Предлогот беше да се зголемат максималните брзини за 10. Автопат 130, регионални, 90, град 60, затоа што во таа област не е интевенирано 40 години, а безбедноста на колите е зголемена неколкукратно.

Не стигна предлогот до гласање.

Not really...

Член 38
(1) На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 60 километри/час,
односно со брзина поголема од брзината дозволена со поставениот сообраќаен знак за целото населено место или за негов дел.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, на јавен пат во населено место,
чии сообраќајно-технички елементи тоа го овозможуваат, може со сообраќаен
знак да се дозволи движење со возило и со брзина поголема од 60
километри/час.

(3) На јавен пат надвор од населено место, возачот не смее со возилото да
се движи со брзина поголема од:
- 130 километри/час на автопат;
- 110 километри/час на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и
- 80 километри/час на други патишта.

(4) На патот надвор од населено место, возачот не смее со возилото да се
движи со брзина поголема од брзината определена со сообраќајниот знак
поставен на патот.“
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #931 на: 09 Јули 2012, 14:23:41 pm »
Ограничена брзина во град секогаш била 50 колку што знам, на некои места може да е означена на 30 (пешачки, школски зони).

Надвор од град може да биде 60 или 80, ама тоа вон населено место.

http://www.avis.com.mk/OntheRoadsMacedonia.html#002

Speed limits


Within city limits – Up to 50 KmPH


Остај ти бапски муабети. Јас прв пат слушам 50. Ем во бутел имаш кај општина 50 знак, ем после словенечка има 70 знак. Каде во закон пишува 50кмч во Скопје? Тоа ме интересира. На Словенечка треба 50 да возам!? Објаснение барам.

@velestrumf : Така си знам и јас. Не се праите удрени. Какви 50. Да се утепаме ако не...

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #932 на: 09 Јули 2012, 14:29:01 pm »
Зависи од услови и околина, во Скопје може да се вози од 30 - 150. Нормално е на места каде има пешачки и кога поминуваш раскрсница за свое добро да поднамалиш брзина.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #933 на: 09 Јули 2012, 14:29:57 pm »
@velestrumf Значи ги промениле, не сум бил во тек.
А чудно е како уште никој не лапнал тендерче за се тоа да се корегира на патиштата.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #934 на: 09 Јули 2012, 14:32:17 pm »
Затоа, копија од законот у кола и цепај ;)

И тоа пази, веќе 2 години како се напраени промениве... Значи 2 години не можат да наместат тендер за да се корегираат патиштата... Го губат осетот изглеа :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Dimitar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 445
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #935 на: 09 Јули 2012, 14:33:28 pm »
Ќе ве молам,јас имам едно друго прашање.Пред неколку месеци ме запре еден плав чичко на излез од државна(зборам за задниот влез што испаѓа на ул.Железничка)И ми вика 300 евра казна.Јасно ми е дека тоа им беше трик на Вмровскиве ку*ви за да си ја наполнат касата.Тоа до сега ми е единствен пат да сум запрен и казнет,а реално и прва грешка ми е.Туку друго ми беше мислата.Дали е ова хумано што го прави МВР?Тука сепак поминуваат луѓе кои биле во болница и многумина од нив веројатно имаат и здравствени проблеми.Дали ваквите фори се добри и повторно ќе кажам хумани.Инаку да напоменам многумина луѓе поминуваат и ја прават истата грешка(ако нели воопшто и може да се нарече грешка).Овие месеци постојано одам таму и гледам како возила одат од едната страна,но и возила од другата страна.Настанува општ хаос.Си велам во себе!!!Каде е овде полицијата да цитирам:ПРЕДУПРЕДИ,А НЕ ДА КАЗНИ т.е да им даде информација на возачите.

Значи ли тоа дека полицијава не води грижа за јавниот ред во државава????
Или испаѓа само кога треба казна да пише????

Катастрофа,при толку полицајци да нема кој да ве упати и да го регулира сообракајот на една мала уличка.

НА КРАЈ МОРАМ ДА КАЖАМ ДЕКА СУМ РАЗОЧАРАН И КРАЈНО ЗАСРАМЕН ОД ПОЛИЦИЈАВА НАША!

Колку за информација пред некаде околу 1 година бевме со пријатели во Словенија.Го бевме промашиле патот и на 300 метри пред нас гледаме полиција.Замислете иако заслуживме казна,полицајците таму толку беа љубезни и не само што не не казнија туку и ни рекоа да одиме по нив за да не испратат до правиот пат...Луѓето возеа 2км само за да не однесат на правиот пат.Ете тоа е хуманост и демократија.За разлика од Словенија,па и од многу други држави кај нас е хаос.Ни крив ни дужен,ако и треба на власта пари ќе удри по грбот без разлика кој е во прашање...КАКОВ РЕЗИЛ!!!НЕ СЕ ОПИШУВА.....

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #936 на: 09 Јули 2012, 14:39:02 pm »
Ако си се спуштил директно од рампата надоле према Рамстор, и тек како е казниво тоа, пошто е едносмерна. Од рампата надоле, ќе си вртиш лево (накај Водњанска), или десно (накај МВР), не смееш право да идеш накај Рамстор...

А тоа за хуманост/правдина/итн итн итн... релативна работа.
Банален пример бр1: Ќе ме дигнеше Крајслер на хауба, на пешачки. Колку за инфо, не му беа пуштени ротациони, па да биде моја кривица.
Банален пример бр2: ме казнија за брзо возење пред патарина.

Вакви примери имаш колку ти душа сака, со лопата да ги ринеш, ама тоа е тоа.

Фер? Јбг...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #937 на: 09 Јули 2012, 14:40:46 pm »
Ќе ве молам,јас имам едно друго прашање.Пред неколку месеци ме запре еден плав чичко на излез од државна(зборам за задниот влез што испаѓа на ул.Железничка)И ми вика 300 евра казна.Јасно ми е дека тоа им беше трик на Вмровскиве ку*ви за да си ја наполнат касата.Тоа до сега ми е единствен пат да сум запрен и казнет,а реално и прва грешка ми е.Туку друго ми беше мислата.Дали е ова хумано што го прави МВР?Тука сепак поминуваат луѓе кои биле во болница и многумина од нив веројатно имаат и здравствени проблеми.Дали ваквите фори се добри и повторно ќе кажам хумани.Инаку да напоменам многумина луѓе поминуваат и ја прават истата грешка(ако нели воопшто и може да се нарече грешка).Овие месеци постојано одам таму и гледам како возила одат од едната страна,но и возила од другата страна.Настанува општ хаос.Си велам во себе!!!Каде е овде полицијата да цитирам:ПРЕДУПРЕДИ,А НЕ ДА КАЗНИ т.е да им даде информација на возачите.

Значи ли тоа дека полицијава не води грижа за јавниот ред во државава????
Или испаѓа само кога треба казна да пише????

Катастрофа,при толку полицајци да нема кој да ве упати и да го регулира сообракајот на една мала уличка.

НА КРАЈ МОРАМ ДА КАЖАМ ДЕКА СУМ РАЗОЧАРАН И КРАЈНО ЗАСРАМЕН ОД ПОЛИЦИЈАВА НАША!

Колку за информација пред некаде околу 1 година бевме со пријатели во Словенија.Го бевме промашиле патот и на 300 метри пред нас гледаме полиција.Замислете иако заслуживме казна,полицајците таму толку беа љубезни и не само што не не казнија туку и ни рекоа да одиме по нив за да не испратат до правиот пат...Луѓето возеа 2км само за да не однесат на правиот пат.Ете тоа е хуманост и демократија.За разлика од Словенија,па и од многу други држави кај нас е хаос.Ни крив ни дужен,ако и треба на власта пари ќе удри по грбот без разлика кој е во прашање...КАКОВ РЕЗИЛ!!!НЕ СЕ ОПИШУВА.....
Точно. И сосема го поддржувам напишаново.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #938 на: 09 Јули 2012, 14:43:02 pm »
Аgain ...

Некој мора да го полни буџетот, One way or another, без оглед на тоа која политичка партија е на власт ...
Народот кој е без врски и чичковци на позиција ке си страда и ке си плаќа казни...

Секоја година имаме со поголем буџет, а све помали приходи за истиот ... и од некаде мора да се истиска свежа крв ...
Убаво рече Дени пред некој ден ...

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #939 на: 09 Јули 2012, 14:49:30 pm »
Не им плаќајте казни кој ги ебе..

Отсутен Dimitar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 445
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #940 на: 09 Јули 2012, 14:50:45 pm »
Аgain ...

Некој мора да го полни буџетот, One way or another, без оглед на тоа која политичка партија е на власт ...
Народот кој е без врски и чичковци на позиција ке си страда и ке си плаќа казни...

Секоја година имаме со поголем буџет, а све помали приходи за истиот ... и од некаде мора да се истиска свежа крв ...
Убаво рече Дени пред некој ден ...

Во ред е тоа со чичковците во МВР што велиш.Ајде да кажам дека ние срамот и си го знаеме.Но што ќе се случи доколку дојде странец кој решил да инвестира и да остави на пример 3 милиони евра и вака му наплатат казна?Ќе остане ли да инвестира или ќе си отиде????

Катастрофа,еве зашто немаме ни мртов странец со инвестиции во Македонија.За ситни пари ги губиме инвеститорите и нивните големи инвестиции.СРАМОТА!!!!!!!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #941 на: 09 Јули 2012, 14:51:55 pm »
Аgain ...

Некој мора да го полни буџетот, One way or another, без оглед на тоа која политичка партија е на власт ...
Народот кој е без врски и чичковци на позиција ке си страда и ке си плаќа казни...

Секоја година имаме со поголем буџет, а све помали приходи за истиот ... и од некаде мора да се истиска свежа крв ...
Убаво рече Дени пред некој ден ...

Во ред е тоа со чичковците во МВР што велиш.Ајде да кажам дека ние срамот и си го знаеме.Но што ќе се случи доколку дојде странец кој решил да инвестира и да остави на пример 3 милиони евра и вака му наплатат казна?Ќе остане ли да инвестира или ќе си отиде????

Катастрофа,еве зашто немаме ни мртов странец со инвестиции во Македонија.За ситни пари ги губиме инвеститорите и нивните големи инвестиции.СРАМОТА!!!!!!!
Ние ги губиме и тие пари што ги немаме заради патната инфраструкутра и железниците кои ги немаме... А зошто ги немаме - тоа е вистинското прашање.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #942 на: 09 Јули 2012, 15:13:54 pm »
Колку за информација пред некаде околу 1 година бевме со пријатели во Словенија.Го бевме промашиле патот и на 300 метри пред нас гледаме полиција.Замислете иако заслуживме казна,полицајците таму толку беа љубезни и не само што не не казнија туку и ни рекоа да одиме по нив за да не испратат до правиот пат...Луѓето возеа 2км само за да не однесат на правиот пат.Ете тоа е хуманост и демократија.За разлика од Словенија,па и од многу други држави кај нас е хаос.Ни крив ни дужен,ако и треба на власта пари ќе удри по грбот без разлика кој е во прашање...КАКОВ РЕЗИЛ!!!НЕ СЕ ОПИШУВА.....
Истово се случи пред 3 години (со кадетот) во Струга....Одевме во ливадиште и малце отпојќе го згрешивме патот..Одевме одевме и не запре полиција...Документи, возачка побара и му дадовме виде каишите врзани (само напред) и рече добро одете си...И му викаме а каде е патот за ливадиште, и вика уф па вие многу сте го згрешиле патот ај следете не ние ќе ве однесиме..И тие пред нас со полициската ние со кадетот и така околу 4км одевме и не однесе пред самата порта од камповите....

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #943 на: 09 Јули 2012, 15:20:38 pm »
Кога сме кај буџетот :)

Со последната промена на законот за работни односи, задолжително е сите вработени да имаат обука за безбедност при работа.
Обуката за една просечна фирма од ца.40 вработени е 1200ЕУР.
Казната ако немаат обука е 10000ЕУР.

Сори за ОТ.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #944 на: 09 Јули 2012, 15:23:45 pm »
Аgain ...

Некој мора да го полни буџетот, One way or another, без оглед на тоа која политичка партија е на власт ...
Народот кој е без врски и чичковци на позиција ке си страда и ке си плаќа казни...

Секоја година имаме со поголем буџет, а све помали приходи за истиот ... и од некаде мора да се истиска свежа крв ...
Убаво рече Дени пред некој ден ...

Во ред е тоа со чичковците во МВР што велиш.Ајде да кажам дека ние срамот и си го знаеме.Но што ќе се случи доколку дојде странец кој решил да инвестира и да остави на пример 3 милиони евра и вака му наплатат казна?Ќе остане ли да инвестира или ќе си отиде????

Катастрофа,еве зашто немаме ни мртов странец со инвестиции во Македонија.За ситни пари ги губиме инвеститорите и нивните големи инвестиции.СРАМОТА!!!!!!!

Странец кога ќе дојде ќе вози по правила и знаци и нема да вози по еднонасочни улички за да скрати 100 метри. А ако направи прекршок ќе си го плати и никому ништо. Пак ќе ги вложи тие 3 милиони евра бидејќи ги вложува за себе за да направи 4 милиони, а не затоа што Македонија има убаво плаво небо...