Неколку пати ме застанале навечер, од кој еднаш во парк после диско, јас навечеран навечеран, уште малку па прејаден и да излезе вечераното од мене. И ништо само документи ми побара и ме праша што сум пиел, а јас викам сок господине болен сум, и толку, стварно им беше досадно изгледа.
Наредно, на излез на Скопје кај Макпетрол, ме мереа и ме измерија, 112 мислам дека беше, па натегање држење лекции, а мене ми се брза ми се плаче, во Струмица саглам друштво не чекаше, тоа беше клучен момент за пресврт, прв пат го искористив џокерот повикај пријател да за ме пуштат побрзо и без казна. И што е најбитно му кажав на повиканиот пријател што е причината што брзам, и дека пак ќе брзам, за да му биде при рака телефонот додека да стигнам до Струмица.
Знам дека бев многу грешен, ама ако го видевте друштвото што не чекаше, сите ќе ме оправдавте

Имам случка кога ме имаат исклучено од сообраќај во возење, ми побараа само документи, ми проверија што имам во гепек,запишаа дека ме провериле и ме пуштија.
Ова се дел од оние застанувања кои ми биле повпечатливи, другите класика