ШТО!!!!!!!?

Нгоцевски те молам немој да шириш дезинформации особено за вакви пипави работи. Да збориме за qр-ташак ајде разбирам ама за битни работи немој да грешиш душа. Подобро кажи му на човекот дека го чека полошо отколку што е отколку да кажуваш вакви невистини кои ќе го вовлечат уште повеќе во невољи.
Е во какви невољи ќе го повлечат ајде кажи ми?! Ова не е КРИВИЧНО дело, ова е ПРЕКРШОЧНО дело. ЗАСТАРУВА за 1 година ако не успее да се процесира со судска завршница, а тоа се случува кога обвинетиот е недостапен на судот да биде соодветно поканет на рочиште (а не може да биде стражарно спроведен, прекршок е не е кривично дело) и кога обвинетиот поради Х причини не може да присуствува на рочиштето, одмор, работа во странство, итн итн...
Да е обвинет за криминал, убиство, бла бла тогаш да, ако не се појавиш ќе бидеш стражарно однесен на суд...Ама за брзо возење?! Дај не ме зезај. Најмалку 3-4 пати сум избегнал на ваков начин вакви казни и уште безброј судски покани со прекршочни пријави сум ги одбегнувал за да застарат...
Да не бидам погрешно сфатен, повеќето пријави биле за неносење лична карта, погрешно паркирање, поминување на полна линија...Тоа се прекршочни пријави кои застаруваат за 1 година и не се КРИВИЧНИ ДЕЛА.