Во Битола на излез со 2 ленти 84 возев, на радар ме измерија добро беа скриени не ги забележав ич додека дојдов до нив не возев ни 60 арно ама ме фати од подалеку
Сигурен си дека возеше толку? Знаат џандарите финта да ти направат, без разлика колку си возел ти покажуваат произволна брзина...
Чаре...Има едно ама не знам дали ќе се нафатиш (функционира 100%)
Казната трае 1 (по ново изгледа 2) години. Не ја плаќај, ќе ти стигне покана од суд дома. Кажи им на твоите да не потпишуваат ништо да не прифаќаат никакво писмо од суд, полиција итн. Ако евентуално ти го остават (и такви мангупи има) еден член од семејството нека напише молба до судот (кој што те повикува за казната) дека поради отстуство во странство не си во можност да присуствуваш на судењето па бараш да се одложи... Ќе ти го одложат нов рок ќе ти дадат за 6-7 месеци повторно истата шема...Ќе поминат 1/2 години (колку е по закон ќе провериш) ако евентуално пак ти стигне ПРЕСУДА после тој рок кај адвокат на 10 минути ќе ти напиши една молба до УПРАВЕН суд 4-5 реченици, ќе уплатиш 150-60 денари такса за судска пресуда и казната ќе ти биде укината...