Мене ме интересира дали камерите би имале одредена толеранција до која нема да го забележат прекршокот, односно дозволено е 70, ти возиш 75, а они те измерат 71-72 и дали би ти стасало казна ?
Бидејки ако е така, Катланово-Велес турни ме да кинисам, цел пат е 70 ограничен, пешки да тргнеш побрзо ќе стасаш до Велес.
Тоа никој нема да кажи, ама претпоставувам ќе оди по следново сценарио....
прво, зависи дали ќе сакаат да признаат грешка на радари, кој по правилник по службен весник 61/11 е +-3км/ч за брзини до 100 а за над 100 е +-3% од наводната брзина.
правилно би било одма да се баталат таквите брзини до 73 АМА зависи од следното.
зависи колку „муштерии“ за „бричење“ во одреден период ќе имаат и колку време би им се посветило за да им се исплати казнувањето како и каква политика ќе тераат, како и како оди процесот за издавање казна.
ако е процесот на казнување автоматски компјутерски, само ќе се печати и праќа по пошта и оди буни се... за џабе...
ако е со човек фактор, можно е да имаат огромен број возила за опслужување па да баталат тие со грешка на брзина и/или тие со помал престап до +10 или +20 или +30, со оглед дека не им се исплати трудот т.е. и тие да размислуваат како трговците па да им се исплати повеќе да пишат поголема казна за над +30 отколку за под +30, а и нормално ако имаат 100 и повеќе дента за пишење заради ефикасност и нормално МРЗА за работење, само некои ќе ги процесираат -- онолку колку ќе им текни или колку ќе им е нормата за дента.
логиката за ова ми е со оглед дека лани на источниот излез од скопје кај алкалоид кај надвозник под кој обично се кријат, ме мереја а терав 70 на место кај е веројатно 50 и еднио џандар како што ги гледам му вели нешто на другиот а тој мафта шо најверојатно си велат дали да ме запри ама не им вреди времето за ситно да казнуваат т.е. бараат некој за поголема сума, а можно е и дека понатаму има знак за 70 да е спорно дали е 50 или 70.