Под претпоставка дека камерите ќе ловат 10% од пробните 100.000 прекршоци (да речеме свеста ќе проработи, прекршоците ќе се намалат).
Тоа се 10.000 прекршоци дневно. Од нив 20% да се “тешки“ прекршоци кои вклучуваат судска разврска, судење, тоа се 2000 предмети на ден.
За 1 месец ќе добијат судовите 60.000 предмети што ќе мораат да ги процесираат.
Судството и сега е во колапс, со оваа промена ќе биде во тотален распад.
Е сега да речеме истиот процент 2.000 прекршоци на ден, се прекршоци кои треба да се „наплатат„ ама прекршителите не се достапни. Имаат блокирана трансакциска сметка, немат трансакциска сметка, припадници се на одредена привилегирана етничка група, или едноставно имаат зголемено куробилие и не плаќаат. Тоа се голем број на спорни прекршоци што државата ќе проба преку нефункционалните институции да ги уновчи. Тужба, покани за суд, непостоечка пошта, непојавување на рочишта...
После 6 месеци отприлика, ќе ги угасат камерите.
Во Кондово, Чаир, Топанско после 3 недели ќе се „расипат„ секако нема да заглави државниот апарат и институциите.