Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2095267 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8890
  • Малерозен дрводарец
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14100 на: 24 Август 2025, 22:18:15 pm »
Чекаме вести утре за тоа кој прв (и единствен) ќе биде одлишен. :)
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14101 на: 24 Август 2025, 22:42:02 pm »
Unleashed :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14102 на: 30 Август 2025, 16:58:44 pm »
Вчера бев сведок на една случка која можеби доведе до незаслужена казна поради дивеење на полициски службенички со полициско возило означено како Гранична полиција.

На патот од Св. Наум кон Охрид попладнето (после 19 часот некаде) имаше поприлично сообраќај. На ретровизор цело време забележував дека некој претекнува на полна но не знаев дека е полициско возило. Потоа ме претекна и мене и продолжи да претекнува на полна.

После Градиште тргнаа да претекнуваат повеќе коли но имаше десна кривина и сакаа да се пикнат во десната лента, но бидејќи се возеше побавно поради колона и гужви, немаше простор да влезат в лента. Првиот од колоната мислам дека намали за да го претекнат и него (не верувам да беше свесен дека е полиција) оти ги забележа дека возат крајно небезбедно. Е арно ама тие сакаа порано да влезат в лента, но поради што се намали брзината на движење, немаше место. И во тој момент пуштија ротација и го застанаа вториот во колоната, а полициското возило го паркираа на коловозната лента (која и така е тесна), излегоја 3 полицајки и го блокираа сообраќајот. Дечкото сигурно си доби некоја казна.


Смеат да возат така доколку немаат пуштено ротација? Јас како што памтам, мора ротација да имаат пуштено за онакво возење. Во тој случај сите ќе беа свесни дека станува збор за полиција и ќе им се тргаа да бркаат работа.

Она беше крајно безобsирно возење (како што милуваат да пишуваат во објавите на Facebook) на тесен пат со милион кривини каде можеше да се случи тежок директен судир. Но, слабо почитување на законот и безбедноста од тие кои треба да го спроведуваат.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14103 на: 30 Август 2025, 17:34:40 pm »
Ako imas snimka,pisi im do vnatresna kontrola.Se razbira deka se znae sto mozat,a sto ne mozat da pravat istotaka i koga i kako.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14104 на: 30 Август 2025, 17:51:35 pm »
Вчера бев сведок на една случка која можеби доведе до незаслужена казна поради дивеење на полициски службенички со полициско возило означено како Гранична полиција.

На патот од Св. Наум кон Охрид попладнето (после 19 часот некаде) имаше поприлично сообраќај. На ретровизор цело време забележував дека некој претекнува на полна но не знаев дека е полициско возило. Потоа ме претекна и мене и продолжи да претекнува на полна.

После Градиште тргнаа да претекнуваат повеќе коли но имаше десна кривина и сакаа да се пикнат во десната лента, но бидејќи се возеше побавно поради колона и гужви, немаше простор да влезат в лента. Првиот од колоната мислам дека намали за да го претекнат и него (не верувам да беше свесен дека е полиција) оти ги забележа дека возат крајно небезбедно. Е арно ама тие сакаа порано да влезат в лента, но поради што се намали брзината на движење, немаше место. И во тој момент пуштија ротација и го застанаа вториот во колоната, а полициското возило го паркираа на коловозната лента (која и така е тесна), излегоја 3 полицајки и го блокираа сообраќајот. Дечкото сигурно си доби некоја казна.


Смеат да возат така доколку немаат пуштено ротација? Јас како што памтам, мора ротација да имаат пуштено за онакво возење. Во тој случај сите ќе беа свесни дека станува збор за полиција и ќе им се тргаа да бркаат работа.

Она беше крајно безобsирно возење (како што милуваат да пишуваат во објавите на Facebook) на тесен пат со милион кривини каде можеше да се случи тежок директен судир. Но, слабо почитување на законот и безбедноста од тие кои треба да го спроведуваат.

Само возила со црвени и плави светла имаат право да возат вака ДОКОЛКУ е безбедно да се направи тоа.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14105 на: 30 Август 2025, 17:55:49 pm »
Само возила со црвени и плави светла имаат право да возат вака ДОКОЛКУ е безбедно да се направи тоа.
Ама тоа нема да го спаси од казна (или попување у најмала рака) дечкото што бил застанат :(
Како човек да се одбрани од вакви шерифлаци? Поготово ако е некој млад/неискусен возач?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1879
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14106 на: 30 Август 2025, 18:17:03 pm »
Ako imas snimka,pisi im do vnatresna kontrola.Se razbira deka se znae sto mozat,a sto ne mozat da pravat istotaka i koga i kako.


Снимка во МК не важи, особено не против службени лица. Барем тоа што јас го знам, бидејќи прво ќе ти речат немаш законско право да снимаш јавен простор, второ ќе се рачуна како можна монтажа што ти знам.

За ваква ситуација само исказ и сведиштво од инволвираните, ама кој ќе се замара во МК за тоа.

Колку има од од тие полицајци што возат коли и мотори без возачка дозвола, со години. Да збориме после за сејф сити, камери и драконски казни кога тие што треба да ги фаќаат несовесните возачи се едни од најголемите кршители на законот. Воедно во МК цајкан се знае зошто се станува, да можеш да земеш кредит за станче бидејќи си државно и одма ти даваат, и да можеш да ги користиш можностите што ти ги пружа работата, се знаеш со колегите и кршиш правила без казна.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 810
  • The best or nothing.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14107 на: 30 Август 2025, 18:23:09 pm »
Не е потребно ротација, бидејќи може да се на "тајна" задача.
 
Инаку, од месец Август изгласан е закон, со кој се дозволува на обичен цивил, да снима службено лице. Е сега дали таа снимка ќе важи на суд, или во некое друго контролно тело, не знам.  :)

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4018
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14108 на: 30 Август 2025, 18:57:57 pm »
Каква казна ќе пишат, гранична полиција се не сообраќајна.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 810
  • The best or nothing.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14109 на: 30 Август 2025, 19:10:44 pm »
Мислиш дека стрикно граничари возат? Како дошло возилото на ред, така. Еднаш на булевар Босна, возило со натпис гранична полиција, а до него стојат со радар...

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14110 на: 30 Август 2025, 19:40:11 pm »
Можиш да снимаш полициско лице, и нешто ако прават незконски можиш да ги пријавиш во внатрешна контрола, затоа и така се вика.

Ако си од друг град те заболе стапот, ништо не ти можат, ама од ист ќе те застануваат за казни после, такви се работите кај нас, ретардирани.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14111 на: 30 Август 2025, 21:12:43 pm »
Не е потребно ротација, бидејќи може да се на "тајна" задача.
 
Инаку, од месец Август изгласан е закон, со кој се дозволува на обичен цивил, да снима службено лице. Е сега дали таа снимка ќе важи на суд, или во некое друго контролно тело, не знам.  :)
Каква е таа "тајна" задача  со означено полициско возило.
По закон се знае кога и како треба да возат,чим не е со ротација е исто како сите возила,кога ќе е со ротација не значи дека треба да лета и да гази луѓе,посебно ако не е со црвено и плаво.
Тоа што кај нас ако се дигни доволно голема галама можи да профункционора законот,или можи пајакот да те удри или сл. глупости тоа е доказ во каква вукојебина се има претворено нордистан во тенот на својата независност.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 810
  • The best or nothing.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14112 на: 30 Август 2025, 21:38:24 pm »
Не можам да ти кажам, бидејќи повеќе нема да биде "тајна" .  ;D


Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14113 на: 30 Август 2025, 22:56:59 pm »
Каква казна ќе пишат, гранична полиција се не сообраќајна.

Последни година две претежно сообраќајна ги вози возилата со натпис гранична, рекстоните и јетите најчесто.

Како и да е, ако нема упалени ротации сирени се еднакви учесници во сообрќајот како и сите други возила. Ако нешто те замараат беспотребно, пријави во внатрешна контрола.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14114 на: 30 Август 2025, 23:31:07 pm »
@nikola98 кај нас не знаат што е превенција, строго на репресија функционираат

Впрочем имам и снимка од дашкам кај што ме претекнуваат на полна мене и тој пред мене (се гледа и таблица) а и од тоа кога го запираат дечкото со Alto (или слична мала кола).

Снимка од дашкам не е доказ за на суд, ама подобро да се поседува снимка отколку да ја немаш во случај на спорна ситуација. Исто така претставува корисен материјал за постапување на внатрешна контрола.

Информациите кои беа пуштени по портали дека ќе казнуваат за снимање со камери поставени во кола, ништо чудно да беа иницирани од полиција за да можат да казнуваат полесно без да има спротиставување и пријавување во внатрешна контрола.

  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!