Автопат е најбезбедното и се останати квази двосмерни патишта, експресни патишта не водат до ништо.
Ене го направија Градско-Дреново, се префрли сообраќајот по тој пат, пак возат 80, исто како и по стариот пат, а патот е широк, преширок.
И возат точно на средната полна линија, проблеми и на камионите прават.
Пошто 3 недели наназад секој ден до Прилеп и назад патувавме службено, камиони престигнуваа по полни линии.
И не е само тоа, туку и по автопат забележувам да возат во лева лента со 90-100 км/ч и не се трга, мораш 10 пати да му блицнеш за да изреагира, дали до толку е неспособен или само сака да води инат не знам....
Долги светла не гасат, не сфаќаат дека и во ист правец кога возиш, долгото смета, му пушташ 4 жмигавци џабе....