Ниту имаме пат за да се вози со над 120 km/h, ниту генерално имаме безбедни и современи патишта. Повеќето се дотраени, со лош асфалт, без заштитни огради и сигнализација. Каде во Македонија можеш да возиш над 120, а не дај Боже 180 или 200 km/h? Каде, и колку километри? Дури ни во Србија нема услови за такво нешто – таму ограничувањето е 120 до 130 km/h.
Тоа што сакаме да го донесеме од запад, како брзи и скапи автомобили, овде едноставно нема каде да се искористи.Плус се од горе тука неможе да се примени едноставно возиш макс 120 и тоа ти е не ти се допаѓа казни говедо и ајт нек се гони.Разбери дека немаш каде тоа 286 коња да го газиш ауди,бенве,алфа ромео или кое и да е нема толку ти е да ти се црта или што треба не знам.Не дека ти си опасност и си опасност со таа брзини СВАТИ ДЕКА НЕМАШ инфраструкура за таа брзина на автомобил.
Дополнително, плус ни немаме ни простор каде да се изградат такви експресни патишта. Пример патот до паланка патот Скопје – Куманово – Паланка е вистинска катастрофа. Секојдневно луѓе гинат, што од мотори, кучиња на пат,луѓе што се приклучуваат на аутопатот ... особено на делот од Куманово до Страцин. И со мотори и со автомобили, опасноста е голема. Не е проблемот што се рехабилитирал – туку што е лошо испроектиран. И покрај обновениот асфалт, возењето мора да биде исклучително внимателно дури нема ни знак колку да се вози..Бидете внимателни ..